Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Кон крајот на денот, во западните делови облачноста ќе се зголемува, а во текот на ноќта се најавуваат локални врнежи од снег. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветaр претежно од западен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од -10 до -2 степена, а максималните од 4 до 10 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од југозападен правец. Во текот на ноќта ќе има врнежи од снег. Минималните температура ќе се спуштат до -6 степени, а максималните ќе достигнат до 6 степени.
Врнежите ќе продолжат и во петок низ целата држава. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде ќе се формира снежна покривка. Помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови, освен во долниот тек на Повардарието. Заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува засилен северен ветар. Во следните денови ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со повремен локален снег. Дневните температури на повеќе места ќе бидат под нулата.