Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 23 до 35 степени а УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветар од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 33 степени.
Утре ќе биде стабилно и топло, освен во планинските предели, каде ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од понеделник температурите ќе бидат во натамошен пораст, а особено топло се очекува во средината на следната седмица.