Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот ќе биде умерено облачно со слаб до умерен ветар од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6 степени, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде со појава на магла и ниска облачност. Преку денот умерено облачно со слаб ветар од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 2 степена, а максималната ќе достигне 12 степени.
До недела ќе се задржи стабилно време, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Во текот на ноќните часови на места ќе има разведрување и утринските температури ќе се спуштаат под нулата. Во понеделник се очекуваат врнежи од дожд.