Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, а УВ индексот ќе биде 9, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 20 степени, а дневната од 28 до 36 степени. Во Скопје и околината слично време со утринска температура до 18 степени, а дневна до 36 степени.