Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МФ: Потпишани анекси на Договорот со УСАИД за зголемување на грант компонентата на 3,5 милиони долари

0
By НОВА ТВ Balaban on October 2, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 2, 2021 10:04

САД преку УСАИД досега во земјава за развој има инвестирано над 833 милиони американски долари.

САД даваат значајна поддршка на Владата на РС Македонија во спроведување на активностите што се насочени кон економски раст и стабилност и зајакнување на демократските практики и институции. Потврда за тоа се двата потпишани амандмани на Договорот за грант за партнерство за развој со што дополнителната сумa за оваа година е во висина од 3,5 милиони американски долари. Анексите на Договорот ги потпиша министерот за финансии Фатмир Бесими.

Договорот со УСАИД за грант за партнерство за развој беше склучен на 6 мај годинава во износ од 8,3 милиони американски долари. Со потпишаните два анекса на Договорот се зголемува износот на грантот за дополнителни 3,5 милиони американски долари, односно вкупниот износ на доделени средства оваа година од овој грант изнесува 11,8 милиони американски долари. Овие дополнителни средства се наменети за зајакнување на економската конкурентност и борба против корупцијата.

Договорот за грант за партнерство за развој е во согласност со Стратегијата за развој и соработка 2020-2025 година со кој се предвидени вкупно 56,6 милиони американски долари. Овие средства се наменети за трите развојни цели преку кои УСАИД и помага на Северна Македонија да има водечка улога во остварување на нејзиниот развој, како најнов сојузник и 30-та земја членка на Западниот воен сојуз НАТО, како и при започнување на преговорите за пристапување во ЕУ.

САД преку УСАИД досега во земјава за развој има инвестирано над 833 милиони американски долари.

грант министерот за финансии партнерство за развој УСАИД Фатмир Бесими
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.