Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МФ: Се одложува данокот на доход од депозити и капитална добивка за 2023 година

0
By Нова ТВ on November 3, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 3, 2019 12:52

Требаше да стапат во сила на почетокот на 2020 година, но оданочувањето на доходот на камати од депозити и на доходот од капитална добивка од хартии од вредност, сепак, се одложуваат за 2023 година. Освен тоа, се предлага и намалување на даночните стапки од 15 отсто на 10 отсто за депозитите и стапки од 0% до 15% кај капиталната добивка, во зависност од времето на поседување на хартиите од вредност. Ова ќе биде предвидено со измените на Законот за данок на личен доход кои ќе ги предложи Министерството за финансии врз основа на сеопфатните анализи во изминатиот период.

Кај оданочувањето на капиталната добивка од хартии од вредност, Анегловска рече дека ќе се направи системско решение со кое висината на даночната стапка ќе зависи од периодот кој инвеститорот ќе ги поседува хартиите од вредност. Оние кои се долгорочни инвеститори ќе бидат ослободени од плаќање на овој данок.

„Ќе се воведат две даночни стапки во зависност од периодот на поседување на хартиите од вредност, односно, стапка од 15 отсто за сите оние кои шпекулативно тргуваат на пазарите на капитал и со уделите и истите ги држат кај себе до една година. Инвеститорите кои ги држат хартиите од вредност од 1 до 10 години ќе се оданочуваат со стапка од 10 отсто. Ослободени од овој данок ќе бидат долгорочните инвеститори кои хартиите од вредност и уделите издадени од инвестициски фонд ги чуваат повеќе од 10 години од денот на продажбата, но и хартиите од вредност стекнати од иницијална јавна понуда, со цел охрабрување на компаниите за првично отворање кон јавноста преку издавање на акции по пат на иницијална јавна понуда“, рече Ангеловска.

Таа посочи дека Комисијата за хартии од вредност и Македонската берза доставиле до Министерството за финансии компаративна анализа и проценка на ефектите од имплементација на моменталното законско решение што се навистина незначителни.

„Во услови кога полека се враќа довербата на граѓаните во македонскиот пазар на хартии од вредност и физичките лица се се’ повеќе присутни на пазарот, она што најмалку сакаме е дестимулативно да влијаеме врз истиот. Особено важна работа е обврската која се спремни да ја преземат сите инволвирани страни–Македонската берза, Комисијата за хартии од вредност, Централниот депозитар на хартии од вредност, да се ангажираат во градењето на електронски-поврзан систем со кој спроведувањето на одредбите од Законот нема да биде оставен на товар и волја на граѓаните, а данокот автоматски ќе биде пресметан и уплатен во Буџетот“, рече Ангеловска.

Се предлага и намалување на даночната стапка кај доходот од камата од депозити на 10 отсто, наместо тековните 15 отсто, за да се израмни со третманот кој што ќе го имаат граѓаните кои своите заштеди ги пласираат долгорочно на пазарот на капитал.

„Ремоделираното решение кое ќе го предложиме предвидува елиминирање на ослободувањето што е предвидено во моменталното законско решение, за плаќање на данок на доход од камати над 15.000 денари. Со тргнување на ослободувањето, прво значително ќе се поедностави администрацијата на данокот, а второ ќе се обезбеди израмнет третман на заштедите со долгорочното инвестирање на пазарите на капитал“, рече Ангеловска.

За данокот на доход на депозити, Ангеловска рече дека причината поради која се предлага одложување е пред се’ резултат на потребата од нормативно доуредување, во делот на обврската за известување од страна на банките и штедилниците, како и поедноставување на администрирањето на данокот преку предностите кои ги овозможува технологијата.

камати Нина Ангеловска Оданочување Финансии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.