Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Ова е голема победа, победивме и во Кочани кое мора да го издигнеме, падна раскалашаноста на Дехари, сега е време за обединување и за работа

0
By Zoran Ivanov on November 2, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 2, 2025 23:50

Вечерва сакам да прогласам голема победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ако некој се сомневаше, народот покажа дека Македонија е повторно твоја, изјави вечерва на прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, порачувајќи дека сега е време за обединување, одговорност и работа.

Ви благодарам мој народе! Ова е заедничка победа, ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина, ова е победа на напатениот народ, неговите соништа за кои се бориме. Вечерва Македонија повторно покажа зрелост, победивме во Скопје, во скопски Карпош, победа и во Аеродром и Чучер Сандево, Брвеница. Победивме и во Валандово, Дојран и Крушево, кои досега имаа градоначалници од СДСМ. Победивме и во Кочани, нашето Кочани кое мораме да го издигнеме и поткрепиме. Имаме победа и во Лозово, Могила, Македонски Брод, Росоман, Ранковце, Неготино, Чешиново – Облешево, Виница, Конче, Демир Капија, Пробиштип. Во неколку други се преборуваат гласовите, рече Мицкоски.

Тој соопшти дека коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ убедливо победи и во Кичево.

Беше жилава и тешка борба, со многу предизвици, се одлучуваше во 5 до 12. Знаете дека не заслужува ниту името да му го спомнам, се обиде да профитира на национални и етнички поделби, не успеа. Брвеница останува со наш градоначалник. Победивме и во Валандово, Дојран и Крушево, кои досега имаа градоначаници на СДСМ. Победивме и во Кочани, нашето Кочани, кое мораме да го издигнеме и покткрепиме. Имаме победа во Лозово, Могила, Росоман, Македонски Брод, Ранковце, Неготино, Чешиново-Облешево, Виница, Конче, Пробиштип, Демир Капија, во неколку други општини се уште се пребројуваат гласовите. Посебно силна порака која доаѓа од нашето Кичево – падна Фатмир Дехари. Падна од народот кој се обедини против раскалашеноста, недомаќинското работење. Покажавме што можеме кога сме обединети, соработувавме различни вери против оние кои го влечеа градот надоли. Ова покажа дека можеме да се обединиме сите. Победи соживотот и вербата во вредности. Победи идејата дека Македонија е дом за сите. Падна митот дека Кичево е нивно или наше. Кичево е на кичевчани, изјави Мицкоски.

Тој укажа и дека поминало времето на локални шерифи кои правеле малверзации само политички да преживеат и тоа време, како што нагласи, вечерва завршува и во скопски Карпош.

Овој резултат е и порака до СДСМ, не сум среќен поради нивниот дебакл, но тоа е одраз на реалноста дека оваа партија не се реформираше и не го фати чекорот со времето, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски порача дека секој глас на овие избори носи одговорност и доверба  и порака од граѓаните да се продолжи посилно.

Вечерва славиме за новата енергија што ја движи државата напред, за работата, за ред, за одговорност. Секој глас е одговорност и доверба, овие избори се и порака до нас да не се забегува со довербата и таа порака е разбрана да продолжиме уште посилно и да ја претвориме надежта во конкретни резултати. Време е за обединување, за работа, за Македонија што верува во себе. Оваа победа е и ваша победа!, потенцира Мицкоски на прес-конферецијата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ по завршување на гласањето во вториот круг на Локалните избори.

 

голема локални Мицкоски Победа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.