Претседателот на СДММ, Марко Михаилоски во гостувањето во ТВ24 истакна дека оценките во борбата против корупцијата не се највисоки, но има значително подобрување.

Тоа е процес што не може да се искорени за пет години колку што е СДСМ на власт. Корупцијата постои и во најсовршените системи, но ние мораме да имаме личен придонес за со тек на време корупцијата да ја загуби битката, изјави Михаилоски.

Тој додаде дека секогаш може да се постигнат уште подобри резултати во однос на борбата против корупцијата и не треба да се чека некој друг да ни ја заврши работата.

Мора подиректно да се пристапи… Не се согласувам што сите релевантни институции велат дека е полошо, како што велат опонентите. Релевантни се препораките од ГРЕКО и може точно да се види кои се препораки и заклучоци нашата држава ги има спроведено. Борбата сепак мора да се зајакне, додаде Михаилоски.