Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, денеска е повикан на распит во Kривичниот суд.
Мијалков е повикан за случајот Трезор, на кој судијата на претходна постапка ќе одлучува по мерките на претпазливост кои ги побара СЈО, дознава НОВА.
Тој на крајот на септември беше на сослушување во Кривичниот суд токму за овој случај.
Ексдиректорот на УБК исто така е осомничен и за случајот „Тортура“, каде станува збор за апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.