Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мијалков: Не сум направил никаква штета на буџетот

0
By Нова ТВ on October 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков за порталот Пресс 24 тврди дека сите наводи на Специјалното обвинителство биле целосно измислени и дека СЈО е продолжена рака на СДСМ.

“Под сета морална и материјална одговорност тврдам дека изречените наводи на прес конференцијата на СЈО се целосно измислени и неточни. Ниту сум направил некаква штета на буџетот, ниту сум остварил каква било материјална корист. Сите политички инсинуации на СЈО ќе се докажат во соодветна постапка” вели Мијалков.

Мијалков, кој е член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во изјавата за порталот го повторува ставот на владејачката партија дека СЈО функционира како продолжена рака на СДСМ и имале единствена цел неосновано да дискредитираат луѓе од раководството на ВМРО ДПМНЕ кои Заев, како што вели, ги гледал како конкуренција на која што не може да и парира.

Во средата Специјалното јавно обвинителство го објави случајот Трезор наведувајќи дека имаат основани сомненија дека тројца функционери од УБК и еден од МВР при набавка на опрема од Велика Британија го оштетиле буџетот на Македонија за над 862 илјади евра.

СЈО тврди дека поседува докази дека во период во 2010 до 2015 година осомничените во повеќе наврати преку фирмата ФИНЗИ од Македонија фактурирале поголеми суми од оние на британската компанија и така го оштетувале буџетот.

Мијалков СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.