Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милевски: Нова влада ќе има, а ако работите останат исти, името на премиерот не е толку важно

0
By НОВА ТВ Balaban on November 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ако работите останат исти, името на премиерот не е толку важно. Граѓаните ни кажаа – вака не треба да се работи, треба да менуваме нешто во начинот на работа. Ако останат работите исти, тогаш нема причина да си дава оставка. Сметаме дека неговиот чин значи дека сака да се трансформира СДСМ и Владата, рече Милевски.

Ќе има нова влада сега, премиерот си даде оставка, значи Владата е во оставка. Не може да си замине премиерот, а да останат министрите, бидејќи тие се на предлог на премиерот. Ќе има нова влада која ќе биде избрана во Собранието, изјави претседателот на ЛДП, Горан Милевски, гостувајќи во Утрински брифинг.

Заминувањето на Заев, вели Милевски, е дефинитивно и тука нема сомнеж.

– Тоа е еден морален чин кој јавно го изнесе и од партијата и нема тука што да дебатираме на таа тема. Ја донесе таа одлука, тоа го знаевме, бидејќи ни го најави уште по првиот круг. Знам дека навистина тоа го мисли и тоа ќе го реализира. Доволно го познавам за да знам дали е тактика или искрено негово мислење, истакна Милевски.

Тој додаде дека името на новиот премиер е отворена тема и дека Заев истакнал дека ќе го слушне мислењето на коалиционите партнери.

– Ако работите останат исти, името на премиерот не е толку важно. Граѓаните ни кажаа – вака не треба да се работи, треба да менуваме нешто во начинот на работа. Ако останат работите исти, тогаш нема причина да си дава оставка. Сметаме дека неговиот чин значи дека сака да се трансформира СДСМ и Владата. Ние на тоа даваме поддршка и да се даде шанса да се променат работите. Ако ова парламентарно мнозинство има искрени намери да се променат работите, тоа граѓаните ќе го видат. Ако сметаме дека ќе продолжиме на истиот начин, казната тогаш ќе стигне на наредните избори за кои мислам дека ако продолжиме вака, ќе бидат порано од редовниот термин, смета Милевски.
Горан Милевски Заминувањето Зоран Заев нова влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.