Градските ривали Сити и Јунајтед ќе уплатат милион фунти во фондот за помош на семејствата на настраданите во нападот во Манчестер.
Фондот го основа Црвениот крст на Велика Британија по немилиот настан во кој загинаа 22 лица, а 64 беа повредени. Трагедијата се случи во понеделникот по завршување на концертот на американката поп пејачка Аријана Гранде.
Според „Би-Би-Си“ досега се собрани над три милиони фунти. Во текот на денешниот ден во Велика Британија имаше минута молчење за жртвите во нападот.