Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски за ТВ 24 изјави дека нема да присуствува на вонредниот Конгрес на партијата што денеска и утре се одржува во Валандоново.

Милошоски не се присуствуваше ниту на синоќешниот состанок на ЦК на кој не се разговарало за иницијативата за одлагање на Конгресот, чиј потписник е тој и уште повеќе истакнати членови на партијата, меѓу кои и координатори на пратеничките групи на партијата во Собранието.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ соопшти дека Централниот комитет на синоќешната седница ги потврдил точките за кои ќе се дискутира на вонредниот конгрес на партијата што ќе се одржи денеска и утре во Валандово.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека членовите на Централниот комитет на вчерашната седница биле информирани оти согласно Статутот на партијата, од двете пристигнати кандидатури, само еден кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ доставил целосна документација до партиската правна комисија – на Христијан Мицковски, сктуелниот генерален секретар на партијата.

Токму во писмото, истакнатите членови на партијата забележуваат дека бараат одложување на вонредниот конгрес и предлагаат да се одржи редовен конгрес во февруари, за како што велат, изборот на нов лидер на партијата да не се сведе на марионета.