Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска ги пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, кои се дел од високите гости на самитот на иницијативата „Отворен Балкан“, што денеска и утре се одржува во Охрид.
„Нè чекаат два интензивни дена кои ќе ги искористиме за унапредување на односите, за олеснување на комуникациите и за приближување кон европските цели во повеќе сфери, со фокус на културата и туризмот“, рече Костадинова.
Премиерот на Србија Вучиќ дојде со авион, а Абазовиќ пристигна со хеликоптер.
За денеска е предвидена работна вечера на премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија.