Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерство: Два денара поддршка за стабилизирање на откупот на сливи

0
By Нова ТВ on August 20, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 20, 2018 15:21

По два денара поддршка за килограм сливи ќе добијат регистрираните откупувачи и трговци со цел стабилизирање на откупот на сливи, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

МЗШВ воедно потсетува дека производителите, согласно годинашната Програма за финансиска поддршка во земјоделството, ќе добијат три денари субвенција.

– Финансиската поддршка за откупувачите ќе важи за индустриски сливи откупени до 15 септември 2018 година по цена не пониска од пет денари за килограм. Оваа субвенција ќе важи и за откупувачите кои ќе откупат свежа слива, но по цена не пониска од осум денари, наведува Министерството.

Во моментов, како што информира, над 20 компании откупуваат сливи.

– Континуирано го следиме откупот на сливи и повторно ги повикуваме земјоделците да не наседнуваат на партиски мотивирани протести. Работиме според законските овластувања и во интерес на земјоделците поради што изминатата 1,5 година воведовме системски мерки за поттикнување на развојот на земјоделството. Минатата година за 10 отсто ги зголемивме субвенциите за овошни насади вклучително и за сливите. По овој основ зголемени субвенции добија над 2.500 производители на сливи, за што беа исплатени 64 милиони денари, стои во соопштениетот од МЗШВ.

Пред корегирањето на Програмата за финансиска поддршка, субвенцијата за предадено овошје во преработувачки капацитет, вклучително и за сливите, беше два денара за килограм.

Овоштарите од делчевско на протест
Во меѓувреме, овоштарите од делчевско денеска излегоа на протест со цел, како што велат, до среда да се изнајде решение за проблемот со откупот на сливи во овој регион.
– Во текот на вчерашниот ден имавме состанок со претставници на Министерството и договоривме некои дополнителни мерки да се донесат, да биде дадено два денара на откупувачот и два денара на производителот, а се што ќе остане слива на нивата, да биде фомирана комисија од Министерството која на таа слива ќе и даде пет денари. Ако до среда тоа не се случи, протестите ќе продолжат, изјави Благојчо Митревски, производител од село Град.
Фото: МИА
За да не пропадне родот, овоштарите се согласни на тоа што им се нуди, но само доколку се оствари најавеното.
– Поради топлото време сливата веќе почнува да се расипува. Мора што побргу да се реагира, ниска е цената за откуп од пет денари и дополнителни два денара од државата, ама сепак ќе се согласиме и на тоа, рече овоштарот Трајчо Стоилов.
Како што истакна производителот Атанас Ангеловски од село Град, ова не е политички протест, туку протест на овоштарите. Овде не протестира ниту ВМРО ниту СДСМ, овде има овоштари кои сакаат да се реши проблемот со откупот.
– Ни кажаа од Министерството дека од среда ќе почнат да доаѓаат откупувачи и ако е вистина, ќе прекинат протестите, но ако не, од четврток ќе бараме проценители да вршат проценка на сливата која е падната на нивата, додава Ангеловски.
Утрово пристигна и соопштение од компанијата „Рудине“ која најавува дека од денеска почнува со откуп на модрата слива во Делчевско.
МЗШВ откуп сливи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 4, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

ВЕСТИ June 4, 2026

Северна Македонија треба да покаже обновена политичка посветеност и поширока меѓупартиска соработка за да го…

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.