Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерство за здравство: Демиров ќе биде опериран следната недела

0
By Менче Атанасова Точи on September 22, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 22, 2017 14:06

Бездомникот Марем Демиров треба да биде опериран во текот на идната недела, откако тим од лекари од Психијатриската болница ќе направат проценка на неговата здравствена состојба.  Откако НОВА го посети Демиров и ја објави сторијата, претставници на Министерството за здравство утринава го посетиле Демиров кој им кажал дека сака да се оперира и покрај тоа што веројатно ќе му бидат ампутирани нозете.

„Демиров  рече дека сака да се оперира и на почеток на следната недела треба да се договори кога и каде ќе биде интервенцијата. За време на средбата се договоривме уште еднаш да се направи преглед и проценка на здравјето на пациентот од тим лекари во Психијатриската болница и потребната хируршка интервенција која ќе биде извршена во најскоро време“, потврдија за НОВА од Министерството за здравство.

Неофицијално, хируршката интервенција ќе биде извршена или на Клиниката за торакална хирургиј, од каде што беше претходно вратен или во Градската општа болница“8 Септември“.

По ова, според договорот меѓу министерството и болницата, бездомникот Муарем Демиров треба да биде згрижен во социјална установа.

Откако НОВА ја објави сторијата дека наместо да биде опериран Демиров кој со полураспаднати стапала шест месеци спиел пред болниците, е сместен во Психијатриската болница во Бардовци, надлежните се заинтересираа и отидоа да го посетат. Тој е таму три и пол месеци и во болницата тврдат дека не е психијатриски случај, туку дека му треба медицински третман за стапалата на кои има гангрена добиена од студ, по што треба да биде згрижен во социјална установа.

На почетокот на јуни  веднаш откако јавно пред камерите екс директорот Зоран Спировски и министерот Арбен Таравари ветија дека ќе биде згрижен и опериран на клиниката, Демиров наместо да биде опериран на торакална хирургија бил однесен во Психијатриската болница во Бардовци.

Залудни биле напорите и укажувањата на раководството од Психијатриската болницата дека Демиров не е за таму и барањата до Министерството за здравство и Центарот за социјални работи да биде соодветно згрижен. Реагираше и Хелсиншкиот комитет од каде што побараа одговорност од министерот Таравари.

https://www.youtube.com/watch?v=aorbWBEUCxw

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.