Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерството се правда, но не кажа кога ќе го има маслото

0
By Менче Атанасова Точи on July 4, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 4, 2016 21:53

Министерството за здравство ја започна процедурата во Меѓународниот борд за контрола на дроги во Виена, откако се создадоа  законски можности за увоз на цвет на канабис,  тврдат во оваа институција, откако НОВА објави дека маслото од канабис до септември нема да го има во аптеките бидејќи не било навреме поднесено барање во Бордот за контрола на дроги во Виена.

„Процедурата е почната по донесувањето измени на регулативата во Македонија, според која претходно беше забранет увозот на цвет од канабис. Во конкретниот случај станува збор за процедура која согласно стандардите на Меѓународниот борд за контрола на дроги трае подолго, така што Министерството за здравство е во постојана комуникација со институцијата и очекуваме истата да се заврши во оптимален рок“, се вели во одговорот на Министерството за здравство.

Сепак, од Министерството не одговорија на кој датум го поднеле барањето и кога маслото од канабис за медицински цели ќе се најде во аптеките.

Според информациите на НОВА до пред две недели такво барање не било доставено до Меѓународниот борд за контрола на дроги во Виена. Тоа го потврдија извори во Министерството, но и кај производителот, фармацевтската компанија која доби дозвола за производство. Од таму посочија дека дури од кога ќе се добие таа дозвола на компанијата и се потребни уште три месеци за да го адаптира процесот на производство.

Информацијата дека се чекало да се смени законската регулатива за да се поднесе официјално барање за добивање на дозвола досега никогаш не беше кажана јавно, туку постојано се ветуваше дека маслото од канабис за медицински цели ќе го има во најскоро време во аптеките.

Пред две недели од Агенцијата за лекови најавија дека маслото во аптеките ќе се најде по обуката на лекарите која ќе трае до крајот на јуни.

Претходно, министерот Тодоров најави дека маслото ќе го има во аптеките кон крајот на месец мај.

Сетоа ова предизвика збунетост кај граѓаните кои не знаат на што да веруваат. Веќе е јули, а екстрактот од маслото не само што го нема во аптеките, туку и нема најава кога ќе го има. Процедурата за добивање на дозвола не е завршена, ниту пак се знае кога ќе стигне официјалниот документ односно дозволата со која и ќе започне производството и дистрибуцијата на маслото од канабис.

дозвола закон министертво
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.