Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерството за финансии го составува барањето до ЕУ за макрофинансиска поддршка

0
By Mirjana on April 20, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за финансии деновиве работи на доставување  на формалното барање за користење на макрофинансиска поддршка од ЕУ, откако Владата донесе одлука и рок од 7 дена за тоа, на онлајн седница што се одржа во понеделникот. Што се однесува до износот што ќе се бара како и начинот и временската рамка на користење на средствата, од Министерството за финансии за НоваТВ, велат дека ова ќе се дефинира во понатамошните разговори со ЕУ.

Со доставувањето на формалното барање, Министерството за финансии ќе бара европските партнери да ја разгледаат можноста за користење на средства од овој инструмент од аспект на  новонастанатата состојба која е резултат на енергетската криза и војната во Украина, а кои создадоа нови потреби за финансирање со цел да се заштити стандардот на граѓаните и ликвидноста на стопанството, наведуваат од Министерството за финансии потсетувајќи на донесениот сет од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра.

Макрофинансиската поддршка од ЕУ е инструмент  кој земјава веќе го користеше во 2020 и во 2021 година. Во услови на ковид –кризата Владата овие средства ги намени за буџетска поддршка.

Тогаш Европската Унија преку овој инструмент наменет за земји кои не се членки на ЕУ но се: кандидати или преговараат за членство во ЕУ или се земји кои граничат со земја членка на ЕУ, ни помогна со 160 милиони евра доделени последователно во две транши од по 80 милиони евра.

Првата транша од 80 милиони евра, Македонија ја доби во октомври 2020 година. Истата година до крајот на декември ЕУ ни исплати 32 милиони евра од Договорот за отпорност, од кои 24 милиони евра беа префрлени во Развојната банка каде беа алоцирани во бескаматни кредитни линии со грант компонента а 8 милиони евра ги искористи Агенцијата за вработување, за поддршка на активните мерки за вработување во 2021 година.

Втората транша од 80 милиони евра ЕУ ни ги испорача  пролетта 2021 година.

По една година од тогаш, Владата сега повторно посегнува по овој инструмент кој е и во насока на реализација на клучните реформи  бидејќи ефикасното и ефективното управување со јавните финансии е услов за пристапување на земјава кон ЕУ.

 (М.Трпческа)

ГО РАБОТИ ПРЕДЛОГ БАРАЊЕТО ЗА МАКРОФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ОД ЕУ Министерство за финансии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.