Ве информираме дека Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ распиша Конкурс за  доделување на државната награда „Мето Јовановски“ во 2021 година.

Со државната награда „Мето Јовановски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.

Конкурсот ќе трае од 15.10.2021 до 15.11.2021 година.

Годинава за прв пат ќе се додели оваа награда, на 10 декември кога се одбележува датумот Меѓународниот ден на човекови права.

Конкурсот е достапен и на веб-страницата на Министерството за култура:

НАГРАДА МЕТО ЈОВАНОВСКИ