Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министрите на ЕУ денес одлучуваат за кандидатскиот статус на БиХ

0
By Соња Крамарска on December 13, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министрите за европски прашања на 27-те земји од ЕУ денес на средба во Брисел треба да одлучат за доделување кандидатски статус на Босна и Херцеговина, што би било прва фаза од долгиот процес на пристапување на оваа балканска земја.

Позитивната одлука – која бара едногласност – се чини можна, велат дипломатски извори, една недела по самитот во Тирана на кој ЕУ „ја потврди својата посветеност“ на перспективата за интегрирање на Западен Балкан во блокот.

Некои од земјите-членки силно ја поддржуваат Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус, вклучително и Хрватска, додека дел од нив сметаат дека земјата не ги исполнила потребните услови за тоа.

Зеленото светло на министрите во вторник треба потоа да го поддржат и лидерите на дваесет и седумте на самитот на ЕУ во четврток.

Во октомври, Европската комисија препорача земјите-членки да и дадат кандидатски статус на БиХ која има 3,5 милиони жители, погодена е од сиромаштија и политичка нестабилност и соочена со закана од сецесионизам.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, ја истакна потребата да се „внесе позитивен моментум“, посочувајќи дека војната во Украина му даде „ново геополитичко значење“ на проширувањето, што е „долгорочна инвестиција во мирот, просперитетот и стабилноста за нашиот континент“.

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји ги повика лидерите на Босна и Херцеговина „да ја искористат оваа историска шанса максимално и брзо да ги спроведат мерките наведени во препораката на Комисијата“.

Комисијата утврди 14 реформски приоритети кои остануваат „клучни за отворање на пристапните преговори“.

Признавањето на кандидатскиот статус е само почеток на долг процес.

Следниот чекор, кој исто така бара едногласност на дваесет и седумте, е отворањето на официјалните пристапни преговори, за што е потребно време бидејќи земјите-кандидатки мора да вклучат голем број европски законодавни акти во своето национално право.

Седум земји се веќе официјални кандидати за членство во ЕУ: Турција (1999, сега замрзнат процес), Северна Македонија (2005), Црна Гора (2010), Србија (2012), Албанија (2014), Украина и Молдавија (2022). Косово, исто така, ја објави својата намера да аплицира за членство.

Извор: Н1

БиХ кандидатски статус Совет на министри на ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.