Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министрите за одбрана Шекеринска и Акар во Истанбул потпишаа Договор за воено-финансиска соработка

0
By НОВА ТВ on August 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Двајцата министри се осврнале и на климатските непогоди, ситуацијата со пожарите во двете земји и изразиле жалење за претрпените штети, истакнувајќи ја важноста на климатските промени.

Во Истанбул денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар потпишаа петгодишен Договор за воено-финансиска соработа и протокол за негова имплементација, зад кои стојат владите на двете држави. Како што соопштија од министерството, Договорот предвидува фазна алокација на средства на годишно ниво, кои од наша страна ќе бидат користени за модернизирање на армиските капацитети и јакнење на борбената готовност.

– Северна Македонија и Турција не се само стратешки партнери, туку и пријатели кои високо се почитуваат и соработуваат близу три децении, без ниту една дамка во односите, рекла министерката Шекеринска, стои во соопштението.

Договорот за воено-финансиска соработка, нагласила таа, е уште една потврда за пријателството и соработката зацврстени и со НАТО сојузништвото, и ќе биде од огромна помош за унапредувањето на стандардите и борбената готовност на Армијата на Република Северна Македонија како 30-та НАТО членка.

Министерот Акар истакнувајќи го задоволството од потпишувањето на Договорот, потенцирал дека очекува брза и успешна имплементација.

Двајцата министри се осврнале и на климатските непогоди, ситуацијата со пожарите во двете земји и поплавите во Турција кои зедоа човечки жртви и изразиле жалење за претрпените штети, истакнувајќи ја важноста на климатските промени и потребата да се изнајдат решенија кои ќе ги ублажат последиците.

Шекеринска пред турскиот министер ја посочила високата посветеност на нашата Армија во гасењето на пожарите.

– Ваквите природни непогоди кои го зафатија речиси целиот регион веќе прераснуваат во безбедносно прашање на кое треба да ги прилагодиме одбранбените политики и треба да изнајдеме одржливи решенија, рекла министерката.

Република Турција е ценет партнер и пријател на Северна Македонија уште од времето на независноста, се наведува во соопштението од МО. Двете земји заеднички учествуваа во НАТО мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан.

Во рамки на SEDM иницијативата, Северна Македонија и Турција соработуваат и во Бригадата на Југоисточна Европа SEEBRIG чиј домаќин во моментов е нашата земја.

акар Македонија соработка Турција Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.