Денеска во Русија во одморалиштето Сочи започнува мировната конференција за иднината на Сирија организирана од страна на Русија, Иран и Турција.
Собирот е предвидено да трае два дена, со тоа што главната расправа ќе биде утре.
„Главна цел на средбата е да ги собере на преговарачка маса делегациите на разни политички партии, на внатрешна или надворешна опозиција, етнички и конфесионални групи“, изјавил рускиот претседател Владимир Путин.
Повеќе од 1.500 делегати, претставувајќи разни групи од сириското општество се поканети да учествуваат на разговорите.
Целта е да се постават темелите за мирна иднина на воената земја. Делегатите се очекува да почнат со работа на новиот Устав и да дискутираат за помирување во Сирија.