Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мисија на ЕУ: Изборите се одржаа во амбиент на натпреварувачки дух

0
By Нова ТВ on October 17, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Локалните избори на 15 октомври се одржаа во амбиент во кој преовладуваше натпреварувачки дух, а мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во прелиминарните наоди и заклучоци оцени дека придонесоа за зајакнување на довербата во демократските процеси во земјата, соопшти денеска Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Се посочува дека според наодите на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори, биле почитувани основните права на собирање и изразување, а се регистрирани и некои веродостојни тврдења за нерегуларности во предизборниот период.

– Властите треба ефикасно да ги спроведат препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а Европската унија е подготвена да помогне во тој процес. Земјата се подготвува за вториот круг од изборите на 29-ти октомври и сите политички чинители треба да се однесуваат одговорно, а надлежните институции да обезбедат услови за кредибилен и транспарентен изборен процес. Европската унија ги охрабрува новоизбраните членови на локалните власти да придонесат за напредок во европската реформска агенда. Европската унија ќе продолжи да ја поддржува земјата во рефомскиот процес и на нејзиниот пат кон евроинтеграција, стои во соопштението од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Вчера, меѓународните набљудувачи од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР и од делегацијата на Конгресот на локални и регионални власти при Советот на Европа, на прес конференцијата за прелиминарните наоди и заклучоци од изборите во неделата оценија дека „локалните избори во Република Македонија беа конкурентни, темелните слободи почитувани и покрај кредибилни наводи за прекршоци“

-Одржувањето на локалните избори придонесе кон зајакнување на довербата во демократскиот процес. Изборите се одржаа во конкурентно опкружување каде кандидатите генерално можеа да водат кампања без ограничувања, а темелните слободи на здружување и изразување беа севкупно почитувани, констатира ОБСЕ/ОДИХР.

ЕУ локални избори 2017 ОБСЕ/ОДИХР оценка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.