Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Митковски: Одлуката да не ја играме претставата е емотивна, но човечка

0
By Нова ТВ on December 2, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Оливер Митковски, еден од актерите во претставата Ничија земја, која вчера требаше да се одржи во МНТ, а беше прекината од актерите во знак на поддршка за нивниот колега Владо Јовановски, на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша дека нивната постапка не била со цел да влијаат на исходот на судските процеси, туку да се сврти вниманието на институциите и да ја вратат одлуката Јовановски да биде во куќен притвор, наместо во затворот во Шутка.

„Во случајов поради недостаток на вистински информации за мотивите на нашето дејствување а истовремено поради чувствителноста на политичката состојба во земјата пред се поради низата организирани криминални дејствија од 27 Април, јавноста со право шпекулира и бара одговори. Верувам дека на повеќето им се добро познати моите ставови во однос на владеењето на претходната политичка гарнитура, мојата осуда во однос на случувањата во собранието и мојата децениска борба за создавање на правна држава. Оттаму, нашата одлука не беше обид ниту да влијаеме на исходот на судските процеси, ниту да бараме амнестија за сторените дела. Напротив, сметаме дека доколку се докаже вината, Владо и сите останати учесници треба соодветно да бидат казнети, секој во зависност од тежината на стореното дело. Идејата беше да се сврти вниманието на јавноста и пред се на надлежните институции уште еднаш да ја преиспитаат својата одлука и да ја вратат првичната-домашен притвор. Сметаме дека во конкретниов случај, Владо има неколку олеснителни околности кои се доволни за оваа отстапка од страна на надлежните органи“, пишува Митковски.

Тој вели дека нивната одлука е емотивна, можеби по некои параметри и погрешна но во секој случај сметаат дека е човечна.

„Можеби ќе видите извесни контрадикторности во однос на целото мое претходно залагање, жалам што дел од моите пријатели и познаници ќе бидат разочарани но за мене одлуката да застанам зад оваа иницијатива е во суштина континуитет на мојата потреба да бидам не само колега туку пред се човек“, вели актерот.

Претходно ВД директорот на МНТ, Драган Спасов-Дац исто така на „Фејсбук“ се извини на публиката и најави дека сите актери кои требало да учествуваат во вчерашната претстава ќе бидат казнети.

Владо Јовановски МНТ Ничија земја Оливер Митковски поддршка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.