Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Митрески: На 14 февруари ќе ги распишам претседателските, а планирам и парламентарните избори истиот ден

0
By Marija Todorovska on February 6, 2024 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 6, 2024 11:11

„Станува збор за почитување на Уставот и уставните рокови предвидени за одржување на избори, зашто станува збор за редовни парламентарни избори кои се случуваат првпат по 16 години. Постои мала забуна во јавноста во смисла на функционирањето на Собранието затоа што кога се одржуваат предвремени парламентарни избори, парламентот се распушта со одлука за распуштање којашто ја гласаат пратениците, а во овој случај Собранието работи до крајот на својот мандант. Впрочем, ако ја земаме таа пракса за работа на Собранието до пред почеток на кампања, значи Собранието би функционирало некаде до крајот на месец март или првите денови на месец април,“ рече претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески во емисијата „360 степени“ на МРТ 1,во однос на тоа до кога ќе работи Собранието.

Во однос на распишувањето на изборите, Митрески посочи дека во Уставот е наведено дека од 70 до 90 дена пред одржувањето на изборите, се распишуваат. Тоа значи дека, 24 април е првиот круг за претседателските избори, враќајќи наназад од 70 до 90 дена, доаѓа некаде средина на февруари. 

„Направив консултација и со ДИК во смисла на броење на деновите што би значело тоа. Денес имам конечен заклучок дека претседателските избори ќе ги распишам на 14 февруари и планот ми е на истиот ден да ги распишам и парламентарните избори,“ посочи Митрески.

Митрески во врска со прашањето техничка влада- редовно собрание истакна дека Собранието мора да функционира.

„Заради граѓаните, бизнисите да се движат, работите што се надлежност на Собранието. Вие велите техничка влада или преодна влада, којашто, исто така, има можност да пушта во процедура како овластен предлагач закони, извештаи, точки на дневен ред. Примарната задача е обезбедување на фер и демократски избори, меѓутоа државата мора да функционира и овој период од 100 дена на техничка влада,“ истакна Митрески.

Дик избори јован митрески Техничка Влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026

Невреме во Хрватска – затворени училишта, паднати дрвја, навеви снег, колапс на јавниот превоз

March 27, 2026

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026
ФОКУС
April 1, 2026Updated:April 1, 2026

Први април – ден на шегата и ден на лагата што треба да насмее

ВЕСТИ April 1, 2026

Во многу земји ширум светот денеска се одбележува Светскиот ден на шегата, 1 април, а…

Белград: Владан Ѓокиќ: Не дојдоа да истражуваат – дојдоа да понижат

April 1, 2026

Скопје: Априлијада – суперхерои, принцези, бубамари, пчелки, …

April 1, 2026

Ленче Ристоска ќе остане без Талир 1 и Талир 2 – обвинителските предмети против ВМРО-ДПМНЕ ќе и бидат одземени

March 31, 2026
ТИКЕР

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026

Невреме во Хрватска – затворени училишта, паднати дрвја, навеви снег, колапс на јавниот превоз

March 27, 2026

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.