Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Ова не не смее да е последен 8 септември под уставното име

0
By Нова ТВ on September 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 8, 2018 14:48

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по повод Денот на независноста упати честитка до граѓаните и притоа во неа ја обвини власта дека ја претворила државата во како што она што не го посакуваат и повторно го нападна Договорот со Грција.

-Кога говориме за сегашноста потребно е да се биде реален и да се признае дека она што го имаме денес, не е она што отсекогаш сме го посакувале со нашата држава, затоа што посакувавме своја држава за да имаме квалитетно образование, институции без корупција, економија која нуди можности и сигурна егзистенција, здравство кое помага на болните, наука која произведува додадена вредност, млади кои ќе ја градат иднината тука, во своите родни места, држава која ќе го гарантира нашето достоинство и чест.

А денес со оваа власт добивме, го добивме спротивното, држава со најкорумпирани институции во Европа, денови исполнети со афери и сомнежи за криминал, притисоци, уцени на работа, политички монтирани случаи, образование кое е неконкурентно и млади кои си заминуваат. Несигурност и апатија, вели Мицкоски во видео пораката.

Тој истакнува дека денес земјата и во реалниот живот и во политиката се соочува со значајни предизвици и одново е на крстопат.

-На масата имаме штетен договор. Ви велат треба да сте За иднината на Македонија, а не ви кажуваат дека со тоа одлучувате за нова понижена Македонија, со променет идентитет, пасоши , лични карти. Историја и култура која ќе биде предмет на ревизија, и со отворена шанса на јужниот сосед да го блокира европскиот пат во било кое време. А во Европа, за таму се потребни работа, труд и континуитет. Таму се оди со резултати и стандарди, а не со зборови. Ако беше толку добар договорот, тогаш ќе ја немаше таа фанатична желба на власта за создавање на еуфорија, таа масовна и скапа кампања. И ним им е јасно дека овој Договор не е победа, затоа што ваква таканаречена победа можеше да има било кој претходник Претседател на државата и Премиер, исполнувајќи само еден единствен услов- да ги прифати сите грчки барања.

И на денот кога се слави нашата независност, овој 8-ми Септември, овој септември не треба да биде последниот кој го славиме под нашето уставно име, туку првиот септември преку кој ќе означиме победа за Македонија, да го означиме почетокот кој ќе значи смена за сликата на македонскиот политичар, за што ни е потребна смена на вредностите, исправање на неправдите и многу, многу работа, порача Мицкоски во видео обраќањето по повод 8 септември.

8 септември Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.