Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Правните експерти да го напишат законот за ЈО, а не партиите

0
By Нова ТВ on February 4, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 4, 2020 13:30

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција побара тим од правни експерти за изготвување на законот за јавно обвинителство. Тој обвини дека Зоран Заев сака власт само да не се соочи со правдата и ништо повеќе и ништо помалку од тоа и оти законот за ЈО го користи, вели, единствено како изговор за останување на власт. Според него, текстот на Законот што го предлага Заев е едностран и во спротивност со експертските мислења, Уставот и кривичната материја.

„ВМРО-ДПМНЕ не е против закон за јавно обвинителство, туку е против партиски закон за јавно обвинителство со кој ќе се заштити криминалот. Секое законско решение мора да биде производ на консензус, но и во дослух со експертската јавност. Затоа предлагам законот за јавно обвинителство да дојде од експертите и професорите од Правниот факултет кои имаа релевантност и искуство од оваа материја и беа дел од јавната дебата. Професионализамот да го ставиме над партиските интереси, а законот кој тие ќе го предложат безрезервно и без двоумење ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати“, рече Мицкоски.

Тој предложи формирање тим од врвни експерти кои што ќе работат на изготвување на овој закон, меѓу кои ќе бидат вклучени професорите по уставно и казнено право, а тоа се: Владо Камбовски, Гордана Силјановска, Никола Тупанчевски, Гордан Калајџиев, Тања Каракамишева и Гордана Лажетиќ.

Според Мицкоски, одложувањето на изборите нема да го спаси Заев од одговорност, туку само ќе ја продлабочи кризата во која се наоѓаме. Повика и да се престане со притисоци врз претставниците во законодавниот дом, без разлика на која партија и припаѓаат.

„Да престанеме да го разочаруваме и онака веќе разочараниот македонски граѓанин, затоа што чуму ни се тогаш избори ако со притисок едноставно може да се боксуваат законски решенија во рамките на законодавниот дом“, рече Мицкоски.

На новинарско прашање дали пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог за распушатње на Собранието на 12 февруари и дали ќе остават уште неколку дена за донесување на законот за ЈО, Мицкоски одговори дека важно е да имаме законско решение што ќе биде квалитетно, а дали ќе стигнат во рокот на седум дена или 17, 70 или 170 денови, вели, е апсолутно ирелевантно. Тој повтори дека експертите се тие на кои треба да им се остави да предложат решение, а не партиите.

„Дајте да направиме еден закон што навистина ќе биде закон, што ќе биде реформски и европски. Единствен кој може да направи таков закон е експертот кој што го посветил сиот свој живот во таа проблематика и затоа велиме овие шест имиња се имиња на професори, еве оставаме слобода и од страна на владеачкото мнозинство, исто така, да предложат имиња на професори кои се експерти и би учествувале во изработка на тој закон. Нека го изработат законот и еве ние се обврзуваме како политичка партија, да тоа што тие ќе го изработат да го поддржиме“, рече Мицкоски.

Според него, нема потреба од нова лидерска средба, доколку разговараме на тема за одложување на изборите, бидејќи изборите се закажани на 12 април, парламентот се распушта кога беше дефинирано – 12 февруари и тоа за нас е завршена тема и немаат никаква дилема. Ако од владеачкото мнозинство го прифатат барањето за законот за ЈО, тогаш тоа не значи одложување на изборите, рече Мицкоски.

„Апсолутно не. Тоа едно со друго не се поврзани. Едната работа е завршена. Договорена, утврдена и завршена. Тоа е за нас тема што нема потреба да се отвора. Ова е предлог од страна на ВМРО-ДПМНЕ за формирање на експертско тело кое што ќе донесе вистински експертски закон. Апсолутно немаме намера да бараме компромис, рече лидерот на опозициската партија.

Според него, ако власта реши да се донесе постојното предлог решение, тие како опозиција, вели, и да сакаат не можат да направат ништо доколку тој закон се одлучат да го туркаат на сила. Но, апелираше за разум, и за почитување на демократијата за, како што нагласи, да не оставаме лош пример на кој ќе се повикуваат секогаш на оваа непримерна пракса.

ВМРО-ДПМНЕ Закон за ЈО Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.