Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски пред средбата со Ахмети: Тој е искусен и мудар политичар

4
By Нова ТВ on March 2, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ахмети е искусен и мудар политичар вели Мицкоски пред утрешната средба на двајцата лидери. Тој во интервју за емисијата „Само вистина“ на Канал 5 вели дека очекува ова да биде почеток на ново пријателство.

,, Ахмети е искусен, мудар политичар. Јас како помлад можеби и ќе научам или ќе извлечам некоја позитивна специфика од тој разговор. Апсолутно го почитувам и како политичар и како човек. Знам дека од тој разговор можеме само да извлечеме и двајцата позитивен бенефит и за нашите партии и за Република Македонија. Очекувам конструктивен и содржаен разговор на двајца пријатели кои сега се запознаваат и се надевам дека ова ке ни прерасне во пракса и во идинина ке имаме почести состаноци“ вели Мицковски.

Мицкоски вели дека не го смета ДУИ за свој политички непријател, посебно по одлуката на партијата да не коалицира со ВМРО ДПМНЕ по предвремените парламентарни избори во декември минатата година.

„Не го сметам за непријател, како политички противник можеби, бидејќи е дел од владата на која ние сме и политички противници “ објаснува Мицкоски.

Според аналитичарите, ваквата промена на реториката од ВМРО ДПМНЕ е рефлексија на позицијата во која се наоѓа партијата.

,,Ова е рефлексија на нивните капацитети за коалицирање , кои се реално редуцирани можеби на нула. И мислам дека ова е во тој правец, тој се труди да го подигне овој капацитет на партијата со која раководи, што го утврдиле и тие како проблем“ вели аналитичарот Алберт Муслиу.

„Не очекувам по утрешната средба да излезе некоја голема љубов, но ова е паметен потег, кој не треба да заврши само со вакви изјави“ вели Муслиу.

Муслиу вели дека е нејасно  како би можеле да се договорат околу законот за јазици за кој ВМРО ДПМНЕ има поднесено повеќе од 35 000 амандмани, а ДУИ одбива било какви интервенции.

„За нас законот за јазици е завршена работа, со кои се согласија и од ВМРО ДПМНЕ на 29 јануари“ велат од ДУИ.

Од партијата на Ахмети велат дека  на средбата со Мицковски воопшто нема да го отворат прашањето за законот за јазици.

Тие велат дека ќе се разговара за преговорите за спорот за името и за реформите кои треба да бидат усвоени од Собранието, а за кои е потребно двотретинско мнозинство.

Средбата ќе се одржи во седиштето на ВМРО ДПМНЕ. Ова е прва средба меѓу Ахмети и Мицкоски по изборот на новиот претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Ахмети ДУИ Мицковски Муслиу
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.