Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Предлог за влез во Владата е спротивен на моите принципи

0
By Нова ТВ on August 4, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на својот фејсбук профил напиша статус во кој наведува дека се измислени неговите наводни барања за амнестија, а предлогот за влез во владата го опиша како непристоен и надвор од неговите морални принципи.

„Некој свесно заборава дека мандатот за влада, министерски места и функции ги дава единствено народот, а не поединци кои туркаат агенди за спас на своите кариери. Разните неформални понуди, кулоарски муабети, ноншалатни математички пресметки за учество во влада која треба да го донесе и реализира договорот со Грција го сметам за непристоен предлог и надвор од моите морални принципи. Суштината е дека учеството или неучеството во таква една влада нема да го направи договорот, кој некој друг го договараше и преговараше подобар или помалку штетен за Македонија и нејзините граѓани, но пак таквата понуда е сигурен доказ дека тие што стојат зад него се свесни дека тоа народот не го одобрува и претставува капитулантско дело за кое сега им е потребно алиби“, пишува Мицкоски на својот фејсбук профил.

Според него, непристојните предлози очигледно стануваат одлика на оваа генерација политичари која се провлекува од транзицијата, и нешто што е дел од нивниот карактер.

И кога веќе е очигледно дека тонат, и во тонењето продолжуваат да лажат, па измислуваат некакви барања за амнестии кои треба да го покријат очајот. Но, чукаат на погрешна врата, како што нагласив и претходно, компромиси со моите принципи нема да има. Влада чија главна задача се делење државни тендери на приватни фирми на луѓе од власта, каде криминалот метастазира, хедонизмот цвета, а корупцијата е заеднички именител, не може да биде влада која ќе донесе иднина, туку влада која ќе зацементира небиднина, наведува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Влада ВМРО-ДПМНЕ Фејсбук Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.