Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски со 10 милиони евра, народни пари, сака предизборно да ги „поткупи“ медиумите!

0
By Marija Todorovska on December 28, 2023 КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 28, 2023 16:03

ДЕХРАН МУРАТОВ / ЦИВИЛ МЕДИА

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски предизборно им се додворува на медиумите, односно сака без пари да ги „купи“, односно да ги придобие. Тој најави дека неговата партија ќе предложи медиумските работници да бидат ослободени од плаќање на придонесите за плата, со исклучок на МРТ и МИА, бидејќи тие добиваат пари од државниот буџет. Доколку овoj предлог не биде прифатен од Владата и мнозинството, тој нагласи дека ако ВМРО-ДПМНЕ ја формира идната влада, при првиот ребаланс во јули ќе се предвиди ослободување на медиумските работници од овие давачки.

Според Мицкоски, на годишно ниво станува збор за вкупна сума од околу десет милиони евра, а со тоа би се овозможиле реални предуслови за покачување на платите во медиумската дејност.

На ова, не така тивко предизборно кокетирање со медиумите, нема никаква реакција од медиумската фела или гласните критичари кои се против финансирање на медиуми со владини кампањи.

Ако навистина Мицкоски се грижи за стандардот на ѓраѓаните, зошто прво не побара ослободување од плаќање на придонеси за плата на работниците кои примаат минималец, или на рударите, или на келнерите, фризерите, (машино)возачите, пожарникарите и низа други!?

Не, тие не му се во фокусот, бидејќи Мицкоски „атакува“ токму кон медиумите, бидејќи му се потребни за изборната кампања, и со овој негов популистички и крајно коруптивен предлог ветува буџетски пари, односно пари на граѓаните, со што сака да ги „купи“ или „замолчи“ медиумските работници.

Мицкоски со 10 милиони евра, народни пари, сака предизборно да ги „поткупи“ медиумите. Но, дали ќе му успее!?


Текстот е личен став на Авторот.
медиуми Мицкоски народни пари поткуп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.