Се работи за проневера на околу 6.5 милиони евра пари на РЕК Битола преку злоупотреба на раководните функции на лица од Комбинатот и нивни надворешни бизнис соработници, рече премиерот Христијан Мицковски денеска на прес конференција, а по повод утринската акција на МВР во која, како што соопшти МВР, уапсени се 29 лица.
Мицковски посочи дека биле најдени многу докази но тоа, како што изјави, го остава на обвинителните и на судските органи.