Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицотакис: Треба да бидеме внимателни мерките да не ни наштетат нам повеќе отколку на Русија  

0
By Соња Крамарска on March 25, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Фото: int.ert.gr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Воведовме важни санкции за Русија, но во енергетиката, треба внимателност за мерките што ги преземаме, за да не ни штетат нам повеќе отколку на Русија, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за Си-Ен-Ен, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис објасни дека ЕУ „воведе многу обемен пакет санкции, во споредба со сето она што беше направено во минатото“, но и дека овие санкции имаат значајни последици.

-Ќе ја видиме руската економија да се намалува, можеби за десет отсто. Сите профити што Русија ги оствари во последната деценија би можеле да се елиминираат во рок од една година. Значи, ова се многу важни санкции. Секако во однос на енергетиката, треба да бидеме многу внимателни за мерките што ги преземаме, да не завршиме на крајот нам да ни штетат повеќе отколку што и наштетуваат на Русија, потенцираше Мицотакис во интервјуто.

Рече дека САД се многу помалку зависни од рускиот гас отколку Европа, но и дека „енергетската транзиција на Европа сигурно веќе не е само климатско прашање, туку е и геополитичко прашање“.

За економијата истакна дека сите ќе треба да ги ревидираат прогнозите за стапката на раст и веќе постојат инфлациски притисоци како резултат на војната, а енергетските трошоците ги погодуваат граѓаните.

-На крајот на денот, иако имаме обврска да ја поддржиме Украина, исто така имаме обврска да ги поддржиме нашите граѓани за да не кренат потешки товари отколку што можат да поднесат, порача грчкиот премиер.

Во однос на грчката помош за Украина, објасни дека е испратена и воена и хуманитарна, а во Грција веќе се згрижени околу 15.000 Украинци, додавајќи дека за бегалското прашање, „ќе треба сите да сториме повеќе, бидејќи бројот на бегалци ќе биде многу голем и тоа е нешто што го знаеме во Европа“.

 

 

Кирјакос Мицотакис Русија санкции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
ФОКУС

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

ВЕСТИ October 31, 2025

Кинескиот министер за одбрана Донг Џун денеска во разговорите на високо ниво во Малезија изјави…

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

October 30, 2025

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.