Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицотакис уште еднаш повтори дека очекува јасна изјава од новиот премер дека името на земјата е Северна Македонија и ќе го користи во и вон земјата

0
By Marija Todorovska on May 29, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 29, 2024 09:48

Проценките дека сепак нема да биде потребно да се активира членот од Договорот од Преспа за решавање спорови, но и ставот дека прашањето не е билатерално, туку европско, ги изрази грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Action 24“, кој уште еднаш ја повтори пораката дека новиот премиер мора да го користи името Северна Македонија во и вон земјата,

Мицотакис објасни дека Договорот од Преспа јасно го одредува начинот на кој се решаваат прашањата поврзани со почитувањето и оцени дека „на крај нема да биде потребно ова“, бидејќи, како што рече „во Скопје можеби сфаќаат дека предизборниот период заврши“.

Грчкиот премиер и синоќа во интервјуто за ТВ „Стар“, и утрово за телевизијата „Action 24“ рече дека од новиот премиер очекува името Северна Македонија да го користи во и вон земјата.

Уште еднаш повтори дека Договорот, иако тие не го поддржаа, е „апсолутно јасен“ и ќе го почитуваат, „бидејќи е меѓународен договор што е над националното право“.

-Договорот од Преспа има одредба за името, а името на земјата е Северна Македонија, важи за сите и она што го очекувам од новиот премиер, кој сè уште не е мандатар за премиер, но во некој момент ќе го добие мандатот, очекувам една јасна изјава дека името на земјата е Северна Македонија и така ќе ја нарекува во и вон земјата. Оценувам дека и овие прашања на некој начин ќе го најдат својот пат, рече Мицотакис.

Во однос на тоа дали конкретното прашање е билатерално или европско, посочи дека „сега е европско прашање“.

-Како што гледате, и мислам дека тоа е успех на грчката надворешна политика, со угледот што го има Грција, со кревање на два-три телефони, за неколку часа имаме осуда на изјавите на претседателката на Северна Македонија, која одби да положи заклетва со уставното име на земјата. Ова е уште еден доказ дека Грција се зема предвид и уште еден показател зошто евроизборите се важни, затоа што гласот на Грција се слуша во Европа и треба уште посилно да се слуша, истакна грчкиот премиер.

Договорот од Преспа Мицотакис Северна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.