Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Младите џезерски надежи и искусните колеги, конечно на иста сцена

0
By Ана Василевска on October 5, 2024 ВЕСТИ, ЗУМ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 5, 2024 16:05

 Динамичен спој на искуството на професионалните музичари од Националниот Џез оркестар и новите музички надежи од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип, ќе понудат оригинален концертен настап на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје, на 8 октомври (вторник) со почеток во 20 часот.

Овој несекојдневен концертен концепт ќе понуди иновантни аранжмани со разнородни џез композиции, во кој младите џез таленти ќе имаат можност да го покажат најдоброто, рамо до рамо со професионалните џез музичари.

„Водејќи се од идејата дека имаме плодна почва за создавање на нова генерација расни џез музичари кои ќе го продолжат континуитетот на врвна професионалност на Националниот џез оркестар, сакаме да им дадеме можност на младите колеги конечно да застанат на голема сцена заедно со нас.“, велат од НЏО.

Од пробите на младите џезери  со НЏО
Од пробите на младите џезери со НЏО

Адреналинот на младите таленти ќе даде посебна возбудлива нишка на овој концерт, кој воедно е најава и за идни, слични настапи. Оваа млада генерација на џез уметници ќе генерира нова млада публика, и ќе продолжи да ја негува џез културата која има блескава традиција во нашата држава.

„Ова е ретка можност и скапоцено искуство за нас младите џез музичари. Ќе го дадеме најдоброто од себе“, велат младите музичари кои со денови се подготвуваат за концертот во МНТ.

Од пробите на младите џезери со НЏО

По потпишувањето на Меморандум за соработка на НЏО  со Факултетот за музичка уметност од Скопје, со деканката м-р Дарија Андоновска на 5 март годинава,  на 2 октомври и Деканот на Музичката академија на Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип, проф. м-р Златка Митева, потпиша Меморандум за соработка со директорот на НУ Национален оркестар за џез музика, м-р Гоце Стевковски.

 Оваа соработка ќе придонесе за размена на искуства, човечки, уметнички и просторни капацитети, и ќе даде голем придонес за развојот на џез сцената.

МНТ Национален џез оркестар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.