Форумот на младите на БЕСА денеска, пред музејот на ВМРО кој го именуваа како музеј на ВМРО “Али Ахмети”, доделија награди на “Херои на ВМРО” на две лица, за кои велат дека најмногу придонесоа за резултатот од изборите на ВМРО.

“Тие се Сухби Јакупи,претставник на ДУИ во ДИК и Бедредин Ибрахими,претставник на ДПА во ДИК. Верувам дека на овој начин музејот на ВМРО “Али Ахмети” ќе се збогати и со две важни артефакти, додека на ВМРО ќе и биде чест што нејзини заштитници не се само македонците, туку и некои така наречени албанци“, рекоа од Форумот на младите на БЕСА.

Поради нивниот голем придонес за заштита на ВМРО, покрај Никола Груевски, Јохан Тарчуловски и Сашо Мијалков, поддршка која се изрази особено во состаноците на Државната Изборна Комисија, кога на коалицијата Преродба со БЕСА и беа земени две пратеници и се дадоа на ВМРО,друштво ќе им прават и овие двајца преставници на Албанците, велат од Форумот на младите на БЕСА.