Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Младите од земјава споредено со 2019  попесимисти за ЕУ и дека работите се движат во правилна насока

0
By Mirjana on August 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 12, 2021 12:31

Ова се дел од параметрите  до кои дошле од Младинскиот отворен форум и Фондацијата за демократија на Вестминстер, во истражувањето спроведено во декември 2020 година врз 1053 испитаници во сите 8 региони на државава на возраст од 15-35 години и од сите етнички групи

Се топат очекувањата на младите во поглед на тоа дали некогаш земјава ќе стане членка на ЕУ. За 16 проценти паднале очекувањата  кај младите споредено со 2019-та година, па сега овој процент изнесува 44 отсто за разлика од нивното мислење  пред 2 години , кога изнесувало 60%. Просечната година во која мислат дека тоа ќе се случи е 2026. Песимизам е забележан  и во поглед на тоа дали земјата се движи во правилна насока. Падот е забележан исто така во периодот од 2019-та година наваму. Па така 1/4 од младите сметаат дека државата се движи во правилна насока додека над 1/3 дека правецот упатува кон погрешна насока. Ова се дел од параметрите  до кои дошле од Младинскиот отворен форум и Фондацијата за демократија на Вестминстер, во истражувањето спроведено во декември 2020 година врз 1053 испитаници во сите 8 региони на државава на возраст од 15-35 години и од сите етнички групи.

Студијата покажува дека 69% од младите никогаш не биле консултирани од институциите, наспроти една третина  или 27%, кои биле консултирани на локално или национално ниво. Бројот на испитаници кои никогаш не биле консултирани се намалил за 15% во споредба со истражувањето од 2019 година, што претставува подобрување. Важноста од вклучувањето и активноста на младите генерации ја покажува податокот дека младите кои се вклучени во младинско организирање, имаат попозитивна слика за себе и своето место во општеството.

Само една третина од младите (29%) сметаат дека властите се запознаени со нивните потреби и проблеми. Кога станува збор за младите лица со попреченост, само 8% сметаат дека властите целосно или прилично се грижат за нив и нивните проблеми.

Анкетираните млади покажуваат висока свест за гласањето, од нив на парламентарните избори во 2020 гласале 74,7%. Една петина од младите 20,3% велат дека редовно преземаат активности за решавање на општествени проблеми, а една третина од тие кои делувале 33,4% успевале да го решат проблемот.

Пандемијата не ги одмина младите, речиси на 15% им се намалила платата во текот на кризата, додека 6% ја изгубиле работата. Во поглед на образованието, младите кои се во образовен процес даваат просечна оцена 3 за квалитет на наставата за време на пандемијата.

Во случај дали кога би имале можност , би заминале надвор од државата , 6 од 10 млади би заминале , додека 1/4 би се вратиле доколку би се подобриле условите во општеството.

8 од 10 млади сметаат дека властите не се грижат за младите а 7 од 10 млади сметаат дека политичарите не се запознати со нивните потреби.

Просечна оценка на довербата во институциите е 2,5, а највисока доверба со 2,7 проценти има Агенцијата за млади и спорт , а потоа се средношколските и студентските организации.Најниски оценки , во овој дел, имале политичките партии и Собранието.

Најголема поддршка кај младите би имал лидер со цврста рака . За таков лидеф се изјасниле 60% од испитаниците а дополнителни 16% се согласуваат со ваквата изјава.

Во споредба со 2019 евидентирано е покачување на согласноста за поголема вклученост на лица од ЛГБТИ заедницата во општествените процеси.

Од Младинскиот отворен форум на денешниот Меѓународен ден на младите излегоа со неколку препораки:За да се подобри животот на младите во земјата, дел од клучните препораки се да се гарантираат средства во државниот буџет за млади и младински политики, општините да формираат локални младински совети и да отворат младински центри, а политичките партии да се заложат младите да бидат застапени во програмите и на кандидатските листи на претстојните локални избори. Да се поддржува младинското организирање и законски да се гарантира средношколското учество. Институциите да работат на информирање и едукација на младите за потребата од вакцинација за спречување на ширењето на КОВИД-19.

 

 

Македонија Меѓународен ден млади
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.