Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Младите претприемачи бараат визија во која насока ќе се движи државата, предлагаат девет насоки за подобрување на состојбите

0
By Marija Todorovska on January 24, 2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 24, 2024 14:44

Асоцијацијата на млади претприемачи -ТИМ при Стопанската комора на Северна Македонија бара од политичарите предвидливост, концепт и визија во која насока ќе се движи државата во следните 10 години.

– Младите бизнисмени имаат знаење и имаат создадено капитал којшто може да го преместат надвор од државата доколку се разочараат, пред се во политичката сфера. Сакаме да видиме концепт за базичните работи, концепт за иднината во однос на здравството, образованието, инфраструктурата, каде Македонија ќе биде во наредните 10 години и како политичките лидери планираат да го остварат тоа, рече денеска на прес-конференција претседателот на ТИМ 40 Жарко Димитриоски.

Младите претприемачи предлагаат девет насоки со цел да се подобрат работите од кои дел, како што рече Димитриоски, се веднаш применливи.

Бараат бела листа на плаќачи на данок, можност за исплата на 14-та плата без одданочување, како и за секое ново вработено лице кое ќе остане на работа најмалку една година, работодавачот да биде ослободен од плаќање на придонеси уште три месеци.

Младите претприемачи бараат и решавање на проблемот што го имаат со рекламирање на Google кој не го препознава македонскиот јазик поради што тие се принудени да се рекламираат на латиница наместо на кирилица.

Исто така предлагаат неискористените државни простории да се даваат на старт-ап компании, да се зголеми безбедноста на дигиталната инфраструктура и да се креира продукциски фонд со цел да се создаваат серии како што тоа го прават соседните држави. Овие серии на аукција би им се понудиле на националните телевизии, а собраните средства би се реинвестирале. Сериите од национален интерес би биле дадени на националниот сервис.

визија млади претриемачи Стопанска комора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.