Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ММФ предупредува на „хаотични“ корекции на цените на недвижностите во Европа

0
By Marta Pesevska on April 28, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
Фото: Принтскрин Твитер
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска предупреди на можни „хаотични“ корекции на цените на станбените недвижности во Европа, додека регионот се бори да ја сузбие високата инфлација.

Во своите најнови регионални економски проекции за Европа, ММФ посочи дека на некои европски пазари на недвижности веќе е во тек надолна корекција на цените, но дека нивниот пад може да се забрза бидејќи централните банки дополнително ги зголемуваат каматните стапки.

„Нерегулирани корекции на пазарите за недвижнини може да се случат дури и ако се избегнат пошироки финансиски тешкотии. Корекцијата на пазарите на недвижности веќе е во тек во некои европски земји, на пример во Чешка, Данска, како и во Шведска, каде цените на станбените недвижности паднаа за повеќе од шест проценти во 2022 година“, се вели во изјавата на ММФ.

„Падот на цените на недвижностите може да се забрза доколку пазарите ги вкалкулираат инфлациските ризици и ако финансиските услови се заострат повеќе од очекуваното. Ваквиот пад на цените би имал негативни ефекти врз домаќинствата и билансите на банките“, додаваат оттаму.

Отплатата на хипотеки, исто така, може да се зголеми бидејќи централните банки ги зголемуваат каматните стапки во обид да ја намалат инфлацијата. Како резултат на тоа, имателите на хипотеки би можеле да имаат помалку расположлив приход за трошење, а во некои случаи дури и да стигнат до точка каде што не би можеле да ги отплатат тие заеми. Банките, исто така, би можеле да се соочат со проблеми, во услови кога не се враќаат земените кредити.

Alfred Kammer, the Director of the European Department, explains the region’s resilience and its current and looming challenges in our latest video.

Read the Regional Economic Outlook here: https://t.co/3aqgB3Sjm7 pic.twitter.com/YbEX6T1Gce

— IMF Europe Office (@IMFinEurope) April 28, 2023

„Емпириските модели кои ги поврзуваат цените на станбените недвижности со нивните основни двигатели укажуваат на превреднување од 15-20 проценти во повеќето европски земји. Затоа, бидејќи каматните стапки на хипотекарните заеми сè уште растат, а реалните приходи се еродираат од инфлацијата, цените на станбените недвижности неодамна паднаа на многу пазари“, наведува ММФ.

Податоците на европската статистичка служба Еуростат покажуваат пад на цените на станбените недвижности за првпат од 2015 година. Во четвртиот квартал од 2022 година, цените на станбените недвижности во ЕУ паднаа за 1,5 отсто во споредба со претходните три месеци.

„Општите проблеми со цените на станбените недвижности се присутни во сите области, не само во високо задолжените земји и треба да се решаваат преку надзор. Тие треба да се решат со стрес-тестови, треба да се набљудуваат многу внимателно“, изјави за Си-Ен-Би-Си во Шведска, Алфред Камер, директор на Европскиот оддел на ММФ.

Истовремено, ММФ денеска ја повика Европската централна банка (ЕЦБ) да продолжи да ги зголемува каматните стапки до средината на 2024 година, а министрите за финансии на ЕУ да ја заострат фискалната политика, во координирани напори за намалување на високата инфлација.

Камер на прес-конференција пред состанокот на министрите за финансии на ЕУ и гувернерите на централните банки рече дека инфлацијата предизвикува најголема загриженост.

„Нашата главна препорака е да се победи инфлацијата, а тоа значи дека треба да го користиме инструментот на монетарната политика. За ЕЦБ тоа значи дополнително заострување, затегнување на подолг временски период, проценуваме до средината на 2024 година, со цел да се донесе инфлацијата до целното ниво некаде во 2025 година“, рече Камер.

„Инфлацијата е данок, особено за сиромашните и треба да се реши“, рече Камер.

Во март годишната инфлација во 20-те земји од еврозоната изнесуваше 6,9 отсто, но базичната инфлација, која ги исклучува големите флуктуации на цените на енергијата и храната, беше уште поголема и изнесуваше 7,5 отсто.

За да ја намали инфлацијата до целта од 2 отсто, ЕЦБ агресивно ги зголемува каматните стапки, зголемувајќи ги од нула во средината на 2022 година на 3,5 отсто на состанокот во март, но малкумина на пазарите очекуваат затегнувањето да продолжи и по 2023 година.

Извор: МИА

инфлација ММФ Недвижности
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.