НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мнозинството ученици и студенти од „Отворен Балкан“ се за настава со физичко присуство

0
By Biljana on February 2, 2022 ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Учениците и студентите од земјите од иницијативата „Отворен Балкан“ преферираат настава во живо или комбиниран модел.

Најголем број од младите во регионов, над 70%, не сакаат да продолжат со онлајн настава и сметаат дека ниту тие, а ниту професорите не вложуваат доволно напори за квалитетна настава преку интернет што резултира во ниско до средно ниво на стекнато знаење и несоодветна едукација.

Ова го покажува онлајн истражувањето на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) спроведено помеѓу ученици и студенти од Северна Македонија, Србија и Албанија во текот на месец Јануари 2022 година. Впечатлив и заеднички став на младите од трите земји е податокот дека, помалку од една третина од нив е за продолжување на онлајн наставата, додека
останатите се залагаат за настава со физичко присуство или за комбиниран хибриден модел. При тоа само 14,6 % од младите во Албанија сакаат да учат онлајн, додека 44% се за физичка настава, а 41,4% се изјасниле за комбиниран модел. Во Северна Македонија 27% од учениците и студентите вклучени во онлајн истражувањето се за онлајн модел, 41% сакаа да се вратат во клупа, додека 32 се за комбинирана модел на онлајн и физичка настава. 21% од младите Срби, пак, повеќе сакаат да учат онлајн, 37% се за настава во училиштата, додека 42% посакуваат да имаат можност и за онлајн и за физичка настава.

„Факт е дека Ковид-19 пандемијата ги фати неподготвени образовните системи во земјите од регионот. Но, две години подоцна, ваквите бројки недвосмислено покажуваат дека многу не сме промениле, ниту сме вложиле доволно во градење доверба во новите технологии и методи за учење. Главниот предизвик останува квалитетот на наставата, а сите учесници во оваа онлајн анализа јасно укажуваат дека сакаат дигитални реформи, но според урнек и навики на учениците и професорите. Тоа значи дека нема простор за импровизација“, истакна Бојан Кордалов, комуниколог и еден од авторите на анализата.

Анкетата покажува и дека младите во овие три земји земји речиси двојно го зголемиле времето поминато на мобилен телефон, таблет или компјутер за време на Ковид-19 пандемијата. Ако пред тоа, во просек само околу 40% од испитаниците поминувале онлајн до три или над три часа на ден, за време на пандемијата, двојно повеќе или над 80% од младите во овие земји се
приклучени на интернет на некој од уредите во период од над три часа дневно.

Поделено е мислењето околу квалитетот на онлајн наставата. Најнезадоволни се младите во Албанија каде над 40% им дале просечна или ниска оценка на професорите, а само 10% сметаат дека тие добро ја извршувале онлајн наставата. Мислењата по ова прашање се најмногу поделени во Србија и Северна Македонија каде речиси 30% сметаат дека професорите не биле подготвени за онлајн настава, додека исто процент од 30% испитаници дале највисока оценка на наставниот кадар.

Учениците и студентите не се многу задоволни ни од трудот што самите тие го вложиле, ниту од она што го научиле за време на онлајн наставата во изминатиот период. Најсамокритични се младите во Албанија каде речиси 48% не се задоволни од стекнатото знаење, додека над 47% од младите во Северна Македонија и Србија дале повисоки оценки во оваа категорија.

Младите од регионот имаат забелешки дека наставниот процес не се истакнал со голема иновативност, како и дека ваквиот резултат се должи на тоа што наставната содржина не била презентирана на интересен начин на интернет платформите. Сепак, според нив онлајн наставата има и позитивни аспекти меѓу кои простор за подобро менаџирање на времето, флексибилност во следење настава како и стекнување на нови ИКТ вештини од страна на сите чинители во воспитно-образовниот процес. Интересни се одговорите за најкористените платформи за далечинско учење помеѓу младите во трите земји. За младите од Северна Македонија најпопуларни платформи се Мајкрософт Тимс и Зум, за младите Срби изборот во најголема мера е Зум, додека, пак, изборот на учениците и студентите од Албанија се Гугл Класрум и Мит.

Мнозинството од младите во Северна Македонија (50,2%) и Србија (47,6%) сметаат дека е возможно да се учи на социјалните мрежи, како и дека просторот на социјалните медиуми нуди многу можности за учење, ама не е доволно искористен. (Србија 45,1%, Северна Македонија 37,8%). За разлика од нив младите во Албанија не гледаат таква можност – над 44% одговориле дека не е возможно да се учи преку социјалните мрежи, ниту пак дека овие дигитални канали нудат такви можности (50%).

Ова онлајн истражување било спроведено во перидот помеѓу 20 и 31 јануари 2022 година, а се одзвале над 500 млади луѓе – ученици и студенти од Северна Македонија, Србија и Албанија. Резултатите и сите добиени предлози ќе бидат интегрално доставени до државниот врв и владите од земјите на Иницијативата „Отворен Балкан“.

за Отворен Балкан образование Онлајн настава физичка настава
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.