Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МНР: Конзулатот е во комуникација со семејството на починатото девојче во Италија за транспорт на посмртните останки во земјава

0
By Marija Todorovska on June 30, 2025 ВЕСТИ
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 30, 2025 14:32

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека до македонскиот конзулатот во Венеција е доставено известување за трагичен настан што се случил на 29 јуни, во Сан Џакомо ди Педероба, во близина на Тревизо, покрај брегот на реката Пјаве, при што животот го загубило деветгодишно девојче, по потекло од Република Северна Македонија.

Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на сите неопходни административни постапки за транспорт на посмртните останки во Република Северна Македонија, се наведува во соопштението.

Весникот „Ла Трибуна ди Тревизо” објави дека девојчето, Адна Ислам, со македонско потекло и жителка на Кавасо дел Томба, било со своето семејство, родителите  Ихмет и Наила и помалите брат и сестра, на попладневен одмор покрај брегот на реката Пјаве.

Малата Адна си играла на камењата со други девојчиња кога се лизнала и паднала во реката и  исчезнала веднаш,  повлечена од  водната струја,  пишува весникот.

Брзо пристигнале пожарникари, карабинери и нуркачи. Нуркачите од противпожарната бригада го пронашле телото на несреќното девојче околу 18:30 часот, заробено меѓу камења.

Како што пишува весникот, градоначалникот и неговата заменичка трогнати од несреќата изразиле длабоко  сочувство и подготвеност да му помогнат  на семејството на  секој начин.

Италија МНР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.