Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МНР на Бугарија за изјавите на Мицкоски: Недоволно разбирање на одлуките на Европскиот суд за човекови права и мешање во внатрешните работи на Бугарија

0
By Zoran Ivanov on March 12, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 12, 2025 23:12

Уште еднаш потсетуваме дека Европскиот консензус од јули 2022 година, одобрен од сите земји-членки на ЕУ и Скопје, останува валиден патоказ за напредокот на соседната земја во нејзиниот пристапен процес. Зачудувачки е што обврските преземени од Република Северна Македонија од страна на нејзиниот премиер се доживуваат како „мешање во нејзините внатрешни работи“. Ова се наведува во реакцијата на Министерството за надворешни работи на Бугарија на, како што се посочува, „последователните јавни настапи на премиерот на Република Северна Македонија“.

Ваквите изјави ги сметаме како уште еден обид да се заобиколат преземените обврски и да се сврти вниманието на јавноста од недостатокот на реформи. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија уште еднаш демонстрира недоволно разбирање на одлуките на Европскиот суд за човекови права. На тој начин, сакајќи или несакајќи, промовира манипулативни и лажни тези, кои би можеле да се сметаат за вистинско мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, стои во реакцијата на бугарското МНР.

Премиерот Хрисијан Мицкоски денеска по поставување камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“, одговарајќи на новинарско прашање какво е расположението во ЕУ за потпишување изјава од страна на Европскиот совет, Европската комисија или од бугарска страна, за тоа дека вметнувањето на Бугарите во Уставот ќе биде единствено билатерално прашање на нашиот пат кон ЕУ, рече дека досега слушнал многу изјави, но оти треба да се гледаат делата и потсети дека високи претставници на ЕУ велеле оти промената на името на државата е последната работа што треба да се направи.

Се сеќавам кога високи претставници на ЕУ, придружувани од високи претставници на други земји во светот, седеа пред мене и ми велеа – името е последната работа што треба да го направите. Нормално ние и тогаш бевме против, но и тогаш им велев дека не ја говорат вистината и дека не е последната работа. Треба да видиме дела, а дела според мене претставуваат признавање на пресудите од Судот за човекови права во Стразбур за македонската заедница во Бугарија. Јасно и недвосмислено признавање на многувековниот македонски идентитет и јасно и недвосмислено признавање на многувековната македонска култура, традиција, обичаи, и јасно и недвосмислено признавање на македонскиот јазик кој е официјален јазик во ОН од 1945. Мораме да ги почитуваме принципите, во спротивно имаме сериозен проблем, изјави. Премиерот додаде дека ние како држава немаме проблем со другите народи, напротив ги почитуваме.

Ако некој има проблем затоа што некој поголем од него му дава совети, а некој тоа го сфаќа како мешање во внатрешните работи на една суверена држава, тогаш ова што го слушаме од страна на нашиот источен сосед, ако не е мешање во внатрешните работи на суверена држава, не знам за што станува збор. Така што, ние не сме народ што има проблем со други народи, напротив, ги почитуваме нашите соседи, и Албанците и Србите, Грците, Бугарите, но бараме подеднакво почитување и за нас Македонците, рече Мицкоски.

 

Бугарија ЕУ изјава Мицкоски МНР разбирање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 27, 2026

Кошта: ЕУ и Индија отвораат ново поглавје во трговијата, безбедноста и врските меѓу луѓето

ВЕСТИ January 27, 2026

Денеска е историски момент кога отвораме ново поглавје во односите меѓу Европската Унија и Индија…

Трендафилов: Утре на протест за платите – не им се плашете, никому ништо не должите, должите само достоинствен живот на семејството

January 27, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

January 26, 2026

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.