Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Моџтаба Хамнеи наводно пренесен во Москва поради здравствени и безбедносни причини

0
By Zoran Ivanov on March 15, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 15, 2026 18:07

Новиот врховен лидер на Иран Моџтаба Хамнеи, наводно со руски воен авион во строго тајна операција, е префрлен во Москва поради неговата здравствена и безбедносна состојба. Според пишувањата на британски „Сан“, Хамнеи е однесен во Москва на операција на ногата која „лично била понудена од Путин“ откако претрпел сериозни повреди за време на воздушните напади од страна на САД и Израел.

По пристигнувањето, како што пишуваат медиумите тој веднаш бил подложен на „успешна“ операција и моментално се лекува во болница во еден од претседателските комплекси во Москва.

Според извор близок до новиот ирански врховен лидер, повредите што Моџтаба ги здобил за време на американско-израелската воена кампања во првичните напади врз Иран на 28 февруари барале добро опремена болница, внимателно медицинско следење на неговото здравје и посебни безбедносни мерки кои, според извештаите, е невозможно да се обезбедат во Иран во овој момент.

Изворот објаснил дека иранските безбедносни служби биле особено загрижени дека локацијата на Хамнеи би можела да биде откриена преку следење на лекарите и специјалистите кои би го лекувале. Затоа, препораката од Москва која подоцна била прифатена од Техеран е дека најдобро би било третманот на лекување на Хамнеи да се спроведе во Русија.

Изворот исто така посочил дека рускиот претседател Владимир Путин лично предложил Моџтаба да се лекува во Русија за време на телефонскиот разговор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан кој беше одржан минатиот четврток. Иранските претставници, вклучувајќи го и самиот Хамнеи, го разгледале рускиот предлог и истиот го одобриле. Како што наведуваат медиумите Моџтаба потоа бил префрлен во Русија во четврток вечерта, каде што го лекува тим руски лекари, а го придружуваат и тим од неколку ирански лекари.

Од друга страна според извори во Тел Авив, израелските разузнавачки служби веруваат дека повредата на Моџтаба може да биде посериозна отколку што првично се сметаше, додавајќи дека Израел нема потврдени информации дека тој го напуштил Иран.

Иран лекување Москва хамнеи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.