Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини од 1 до 4 март ќе ги посети балканските држави, меѓу кои и Македонија.
Според информациите од нејзиниот кабинет, Могерини ќе оди во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Македонија.
Во кусата изјава во која се најавува посетата, таа вели дека “Западниот Балкан е регион во срцето на ЕУ” и “клучен приоритет”. Могерини најавува дека ќе ги посети сите балкански земји и партнери:
“Работам на тоа да ги видам сите партнери на Западниот Балкан која напредуваат на реформскиот пат кон ЕУ, да се осигурам дека процесот е неповратлив. Регионалната соработка и добрососедските односи остануваат клучни во овој контекст”, вели таа.
Таа во моментов договара средби со владини политичари, политичките партии и Парламентите.
По враќањето од Балканот Могерини ќе им ја раскаже состојбата на министрите за надворешни работи на 6 март во Брисел.