НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Моќникот“ Милошоски пак за „кодошите“ – жртвите бараат негова кривична одговорност

0
By Нова ТВ on January 13, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ на еден месец пред распуштање на парламентот не го испушта од раце моќното собраниско оружје – арсенал од амандмани за блокирање на законите. Таков е случајот и со предлог- законот за ништовност и поништување на правните акти и последици од лустрацијата. Згора на тоа, денеска во матичната Комисија за политички систем не можеше да се обезбеди ниту кворум. На опструкцијата на пратениците од ВМРО-ДПМННЕ се приклучија и тие на ДУИ и на Демократската партија на Турците (ДПТ). Од тие причини седницата ќе биде закажана дополнително. Претседателот, Александар Кирацовски, рече дека се надева дека оние што блокираат имаат сериозни аргументи кои ќе ги споделат со пошироката јавност.

За начинот на кој во минатото беше спроведена лустрацијата слушнавме и во прислушуваните материјали кои пред неколку години ги објави тогашната опозиција, сега власт. Од дел од нив произлезе и предметот на СЈО ,„Моќник“, во кој е обвинет пратеникот Антонио Милошоски. Истрагата на СЈО во еден дел се однесува токму на нарачана лустрација од екс шефот на македонската дипломатија, кој мислел глобално, но делувал локално. Тој директно се јавува кај тогашниот претседател на Комисијата, Томе Аџиев и бара лустрација за кичевскиот судија Драги Билески, еден од оние кои, наводно, на Милошоски и неговиот татко им ги помрсил сметките околу купување на „Задружниот дом“ во село Ижишта за багателна цена. Тие „бомби“ несомнено покажаа дека Лустрациската комисија, меѓудругото, исполнувала желби на пратеници, за тоа кој треба да биде лустриран.

Фото: vesti.mk

„Моќникот“ од ВМРО-ДПМНЕ денеска побара министерката за правда Рената Дескоска да дојде на седницата и да го образложи Законот со кој се овозможува поништување на лустрацијата. Тој е незадоволен од тоа што овој закон им овозможува, како што вели, на кодошите кои напредувале во кариерата и надомест на штета. Неговиот колега Зоран Илијоски од прес-конференцијата во Собранието повторно го употреби и терминот „аболиран криминалец“ за лидерот на СДСМ, кој опозицијата го употребуваше за време на изборната кампања за претходните избори.

„Партијата на аболицираниот Зоран Заев прави аболиција на кодошите. Децата на кодошите си ги амнестираат своите предци. Со СДСМ, Македонија стана единствена земја во која нема лустрација за кодошите од комунистичкиот режим кои изградија цели кариери врз база кодошење на македонските патриоти, но и недолжни граѓани“, рече Илијоски.

Во предлог-законот, меѓудругото, стои дека начинот на кој Комисијата ја вршела својата работа и намерата за целосно етикетирање на граѓаните и начин да се ослободат од лица кои „не биле подобни“ за вршење на функцијата бил докажан со пресуди од Европскиот суд за човекови права и слободи, каде се укажува за најбрутален напад врз интегритетот и угледот и достоинството на личноста.

„Бројни и видни личности од културно-општествениот живот беа и останаа „жигосани“ од работата на Комисијата. Воедно, Комисијата со својата работа како успешен инструмент изврши атак на уставниот систем преку отстранување на претседателот на Уставниот суд, со што почна и продолжи еден од најтешките периоди забележан во извештајот на Европската Комисија за Македонија како заробена држава“, се наведува во предлог-законот.

Поранешниот државен јавен обвинител, Стеван Павлевски, се смета за една од жртвите на изопачениот процес на лустрација во Македонија. Тој не се одлучи правдата да ја бара пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, затоа што претходно, како што вели за Нова ТВ, македонските судови ја поништиле одлуката на Комисијата за верификација на факти.

„Тие не ја прифатија одлуката. Лустрацијата беше политичка нарачка. Беше спроведена со мотив за одмазда кон политичките неистомисленици, прилично примитивно и нестручно изведена од нереализираниот Томе Аџиев. Она што го слушнавме во прислушуваните материјали, односно разговорот меѓу Аџиев и Милошоски недвосмислено укажува на ниските побуди и примитивното ниво на спроведување на постапката“, вели Павлевски за Нова ТВ.

Во Комисијата, како што се изјаснуваше тогаш Павлевски, царувало елементарно незнаење. Таа, вели, буквално лажела во решенијата што ги носи.

„Мене, на пример, ме третираше како основен јавен обвинител во 80-тите години, а не сум бил. Второ, образложувајќи ги нештата, не кажуваат дека кога постапува јавен обвинител, постапува заедно со истражен судија. Во мојот случај не се спомнуваат судии, односно дали тие одлучувале по обвинителен акт, кој наводно е поднесен од мене. Не кажуваат на пример, дали одлучувал и Тоде Ѓеоргиевски, тогашен судија на Врховниот суд, инаку дедо на директорот на УБК, Сашо Мијалков и на Јован Илиевски, јавниот обвинител во Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција“, реагираше тогаш Павлевски во медиумите.

Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, на крајот од ноември минатата година пред судењето за случајот „Монструм“, изрази разочараност што дел од предметите кои се готови и спремни за обвиненија, седат во кутии. Таа го посочи токму случајот „Моќник“ и директно му порача на Милошоски дека треба да се подготвува за одбрана, а не да дели правни совети. Истрагата за овој случај беше отворена по јули во 2017 година, односно по истекот на предвидениот рок од 18 месеци. Врховниот суд веќе се изјасни дека по тој рок СЈО не е овластен тужител за предистражни и истражни дејствија.

„Независно од тоа дали СЈО направило формални пропусти, редовното Јавно обвинителство има можности да обезбедува докази и кривично да ги гони. Станува збор за класичен пример на злоупотреба на службената положба. Јасно е дека однапред се подготвувани пресудите за некому да му се нанесе непроценлива штета“, вели Павлевски за Нова ТВ.

За разлика од него, до крај ја истераа работата во Судот во Стразбур екс претседателот на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, првиот лустриран функционер, кој поради тоа беше приморан да замине од функцијата, но и судијата Билевски, кој исто така беше лустриран во 2010 година, по 30 години судиски стаж, само една година пред да се пензионира. Во 2016 година, Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на Ивановски, посочувајќи на повреди на Европската конвенција за човекови права и оценувајќи дека лустрациските постапки не биле фер, а во јули минатата година истата сатисфакција ја доживеа и Билевски.

Лустрацијата во Македонија претставуваше долготраен и тежок процес. Процесот на лустрација отвори голем број на дилеми и незадоволства во македонското општество. Венецијанската комисија реагираше дека политичките, идеолошки и партиски причини не треба да се користат како основа за лустрациски мерки поради самото тоа што стигматизацијата и дискриминацијата на политичките противници не претставуваат прифатливи средства за политичка борба во една држава водена од владеењето на правото.

И Европската унија во екот на политичката криза која произлезе по тврдењата за масовно прислушување, побара од властите „ревизија/укинување на законот за лустрација и неговата имплементација“, при што се нагласи дека „како основа за лустрацијата биле користени идеолошки или партиски причини“. Критиките од Брисел дојдоа откако прислушуваните разговори што ги објави опозицијата, сугерираа дека владата на Никола Груевски, се мешала во процесот на лустрација.

Антонио Милошоски лустрација Стеван Павлевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.