Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОН ги објави новите наставни програми за второ и трето одделение

0
By Нова ТВ on May 2, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за образование и наука ја заврши ревизијата на наставните програми за второ и трето одделение и ги објави новите програми на интернет страницата на МОН.

 

Со измените се предлага  Природа и Општество кои досега се учеа како посебни предмети, да се спојат во еден предмет „Светот околу нас“, а во предметот  „Уметност“ да се изучува музичко, ликовно и креативни вештини. Мајчин јазик учениците ќе имаат секој ден, математика – четири пати во неделата, а странски јазик два часа неделно.

Новиот наставен план и програма ќе  започнат да се применуваат  од 1 септемеври годинава од прво одделение како пилот проект во 15 училишта низ државава, за што ќе биде објавен и јавен повик до училиштата кои ќе сакаат да се вклучат во проектот.

Професорката Јасмина Диздаревиќ која учествува во подготовката на програмите за НОВАТВ вели дека со новиот Закон за основно образование учениците не можат да имаат повеќе од 20 часа неделно и бројот на часови по одреден предмет е направен во согласност со вкупниот фонд на часови. „Пилот проектот  ќе ни овозможи да ги увидиме евентуалните недоследности и да ги корегираме,“вели Диздаревиќ.

Со новиот Закон за основно образование  бројот на часови од прво до трето одделение ќе биде ограничен на 20, од четврто до шесто на 25, а од седмо до деветто на најмногу 30 часови неделно. Се намалува и неделниот фонд на наставни часови за одделенските наставници – од 18 до 23 наставни часови, во кои влегува и времето за организирано прифаќање на учениците пред и по наставата и ќе се укине одржувањето на настава во саботите.

Од МОН бараат и очекуваат од наставниците од одделенската настава како и сите заинтересирани лица, активно да се вклучат во процесот на градењето на новиот модел за основно образование и да достават свои критики, коментари и предлози за подобрување на новите наставни програми.

 

Министерство за образование Наставни програми пилот проект
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.