Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОН и Бирото за развој на образованието почнуваат јавна консултација за наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение

0
By Marija Todorovska on July 10, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 10, 2024 14:03

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието почнуваат јавна консултација за наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение. Во соопштението од МОН се наведува дека сите засегнати страни за подобрување на квалитетот на основното образование ќе можат да учествуваат во јавната консултација со свои сугестии и предлог решенија за евентуални промени во нацрт наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение кои се веќе изработени од страна на стручни тимови, составени од советници од Бирото за развој на образованието, универзитетски професори и наставници од основните училишта.

Јавната консултација за наставните програми од седмо до деветто одделение, се додава, е со цел засегнатите страни, особено наставниците, да имаат можност да се запознаат со наставните програми и доколку имаат сугестии и предлог решенија за евентуални промени во нацрт наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение, да дадат свое аргументирано мислење за нивно подобрување.

– Новата Влада ја одложи имплементацијата на Концепцијата за основно образование во седмо, осмо и деветто одделение за учебната 2024/25 година поради реакциите во јавноста, особено за интегрирањето на одделни наставни предмети, што предизвика отежнување во организацијата и реализацијата на наставата. Промените кои следат ќе бидат креирани преку поширок консензус и почитување на мислењето на наставниците, стои во соопштението од МОН.

Се очекува, соопштија од МОН, сите заинтересирани да се вклучат во јавната консултација и да дадат придонес во подобрување на квалитетот на наставните програми, а со тоа и на целокупниот наставен процес во основното образование.

Новите наставни програми,се подвлекува меѓу другото, ќе се воведуваат етапно, од учебната 2025/26 година во седмо одделение, 2026/27 година во осмо одделение и во 2027/28 година во деветто одделение.

МОН образование
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.