Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОН најави поквалитетно образование на јазиците на помалите заедници

0
By Нова ТВ on December 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обезбедување соодветни учебници за заедниците кои се помалку од 20 отсто во Македонија и надминување на десетгодишната пракса на босанскиот јазик како експериментален во наставата. Веќе е формирана работна група во МОН која ги даде своите први препораки и сега на потег е Бирото за развој на образование да ги достави наставните планови, кои треба да бидат усвоени во Министерството и реализацијата да почне.

Ова денеска го соопшти министерката за образование и наука Рената Дескоска на дебатата за унапредување на остварувањето на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението. Таа ја нагласи нејзината заложба и на Владата за обезбедување квалитетно образование на јазикот на заедниците, кој им следи според Уставот и законите.

– Градење соодветен наставен кадар е еден од најголемите предизвици бидејќи ние можеме на хартија се да воспоставиме, може да се преведат или напишат најдобрите учебници, но ако немате соодветен кадар кој тоа ќе го ефектуира во наставата, тогаш навистина имаме проблем, рече Дескоска.

 

Според неа потребна е измена на концепцијата и враќање на предметите кои се однесуваат на изучување на јазикот и културата на етничките заедници, без оглед дали има или нема настава на нивниот јазик.

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски потенцира дека културата на помалубројните заедници е големо богатство и заслужува почит и внимание. Тој се осврна на Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во Македонија која функционира како орган во состав на Министерството за култура од 2003 година. Поради неразработената легислатива Управата се уште нема статус на правно лице, нема свој буџет, не може да биде носител на проекти.

Заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски потенцира дека основа за планирање на застапеноста на припадниците на заедниците на централно и на локално ниво се податоците од последно спроведениот попис на население во Македонија од 2002 година. Според него, долго време немало попис во Македонија и оти тој е неопходен.

Тој информира дека во институциите од јавниот сектор Турците се застапени со 1,61 отсто, Србите со 1,15, Ромите со 1,10, Бошњаците со 0,45, Власите со 0,43 и други кои не се изјасниле се околу 0,82 отсто.

Дебатата ја организираа Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Агенцијата за остварување на правата на заедниците.

Дескоска конференција образование помали заедници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.