Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОН одлучува за новата учебна година: Училница, онлајн настава или учење со ротации

0
By Нова ТВ on August 10, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како ќе започне новата учебна година? – Министерството за образование и наука (МОН) по досегашните консултации со Комисијата за заразни болести, се очекува денеска да го финализира предлогот, кој потоа треба да мине и на седница на Владата. Според досегашните информации, интенција е учениците од 1 септември да се вратат во школските клупи, но со оглед на непредвидливоста на здравствена состојба, планот би требало да биде еластичен и да содржи протоколи за сите модели на настава: физичко присуство во училниците на дистанца и со заштитни маски, и унифицирана онлајн-настава, односно комбинирано учење со ротации на учениците на одреден период.

Дебатата околу најдобриот модел за учениците,се интензивираше во изминатите денови, со оглед дека се ближи почетокот на новата учебна година, а на училиштата ќе им треба време за реализација на протоколите. Според министерот за образование и наука, Арбр Адеми, и во Kоординативниот кризен штаб, и во Владата, и во образовните институции (според резултатите од спроведените анкети), преовладува ставот дека учебната година треба да почне со физичко присуство, пишува „Дојче Веле“.

Родителите поделени

Лекари кои се членови на Комисијата за заразни болести сметаат дека во училиштата каде што има помал број на ученици треба да има редовна настава, а во оние со поголем број ученици да има скратени часови и воведувања смени, или комбинирана настава: додека една група од исто одделение/клас ја следи наставата во училиште, другата да учи онлајн, а потоа да ротираат. Некои училишта посочија дека поради големиот број ученици и досега имале редовна настава во три смени, што значи дека немаат простор за натамошно сегментирање. Други пак, го посочуваат проблемот дека не се опремени со дигитални средства за работа, па ќе им биде тешко да реализираат настава во комбинирана форма или за целосно учење од далечина, доколку поради епидемијата во некој период се јави потреба наставата да се одвива исклучиво онлајн. Ваквата невоедначеност на состојбите и условите, најверојатно ќе предизвика и комбинација од различни решенија во зависност од можностите на учениците и училиштата.

Најзагрижени во моментов се родителите кај кои е видлива поделбата. Оние кои се за настава во училница како аргумент ги посочуваат сите слабости на онлајн-наставата во последното тромесечие (март -јуни) од претходната учебна година. Другите кои сметаат дека е најсоодветна онлајн-наставата, како приоритет ја посочуват здравствената безбедност на децата. Заменичката на Народниот правобранител, Васка Бајрамова Мустафа, минатата недела упати мислење до МОН во кое истакна дека императив за надлежните институции е да ги остварат сите предуслови за дигитализација на наставата, но притоа таа да биде достапна за сите ученици. Во него се напоменува и дека Народниот правобранител е запознаен дека образовните институции не биле целосно подготвени за далечинско учење, особено во почетокот на корона- кризата, и дека најпогодени од состојбата биле учениците особено во руралните средини, учениците од социјално загрозените семејства и учениците со попреченост.

„Во однос на онлајн наставата за учениците со попреченост, сите досега пристигнати одговори од училиштата се во насока дека овој тип на настава е несоодветен и дека ништо не може да ја замени директната лице в лице работа со овие ученици, од една страна поради нивните карактеристики, можности и способности за учење, а од друга страна поради фактот што голем број од овие ученици ги немаат потребните ресурси за следење настава од дома“, се вели во мислењето.

План А, план Б

Проблемот не е ендемски. Решение за безбедна настава во време на пандемија бараат сите земји, а засега доминира ставот дека училницата е сепак најсоодветно место за образовниот процес. Во сите соседни земји се прават подготовки за отворање на училиштата од септември, но и подготвеност за преминување кон онлајн настава доколку се влоши здравствената состојба. И во соседна Бугарија се води дебата околу предностите и здравствените ризици од настава во училиште.

„Ако има едно до две болни деца од еден клас, само класот ќе се префрли на настава од далечина. Ако се повеќе деца и од различни класови, целото училиште ќе премине на онлајн настава“, изјави бугарскиот министер за образование, Красимир Влчев.

Доминантен став е дека наставата од дистанца е алтернатива, но не може да трае бескрајно и бидејќи нема да ги даде истите резултати како наставата во училиште. Во однос на стравот за можна зараза во училиштата, се посочува дека ако продолжи галопирањето на вирусот тешко е да се каже дали училиштата биле проблем, бидејќи контактите на учениците (особено на оние од повисоките класови) се многу интензивни и надвор од училиштето.

Во Грција, каде училиштата, исто така, беа затворени во март, а повторно отворени на 1 јуни, се подготвуваат за септемвриска настава, а за истото подготовките привршуваат и во Србија каде се утврдуваат капацитетите на oсновните и на средните училишта за модели на комбинирана настава. Во Романија е најавен почеток на настава во училиштата од средината на септември, а исклучок може да бидат само места за кои Инспекторатот ќе одреди поинакво решение.

Почетокот на наставата може да биде одложен единствено ако во периодот на отворање на училиштата генерално се зголеми бројката на заразени со Ковид-19. Во поголемиот број европски земји наставата во училиштата, исто така, ќе почне од септември, вклучително и во Италија која беше тешко погодена од корона-кризата. За одлуката се консултирани здравствени, образовните власти и претставници на родителите.

И секаде се најавува дека не е исклучено да се мине на онлајн настава доколку почне втор бран на епидемијата. Британскиот премиер, Борис Џонсон, деновиве потенцира дека „држењето на затворени училишта подолго отколку што е потребно, e општествено неподносливо, економски неодржливо и морално неприфатливо“.

Тој предупреди на растечките трошоци за родителите кои нема да можат да работат ако училиштата бидат затворени и на големите последици со кои ќе се соочи земјата ако децата пропуштат соодветно да се образуваат.

Ковид-19 МОН Онлајн настава Протоколи учебна година Училница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.