НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

MОН по писмен пат на некои студенти им го укина „субвенционираниот оброк“ ?!

0
By Mirjana on November 1, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за образование и наука по писмен пат и без никакво образложение им го прекина правото на користење на субвенциониран студентски оброк на дел од студентите, иако претходно биле во групата на која и било одобрено негово користење.

Во мејловите кои им се испраќани на студентите е наведено дека Комисијата за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за редовни студенти извршила проверка во податоците добиени од страна на Управата за јавни приходи и Агенцијата за вработување во РСМ при што било утврдено дека не го исполнуваат правото за субвенциониран студентски оброк.

Оваа одлука на МОН предизвика бурни реакции кај студентите кои по пат на коментари на социјалните мрежи го изразуваат своето незадоволство.

„Ова е веќе лажно и смешно, ако е некој неспособен да си ја работи работата за која е поставен или нека научи или нека стане од столот. За 2400 денари два месеци ги лажете студентите.“ – реагира млада студентка.

„Срамота за Министерството за образование и наука! Прво добиваме мејл со кој ни се одобрува студентски оброк, а денес еве дека повеќе немаме никакво право на него. Ќе профункционира нешто во државава или потешко!?“ – коментира студент.

Студентка од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Ивана Ракиџиев за Нова Тв вели дека без никаква причина и е ускратено правото за субвенциониран студентски оброк, иако ги исполнува условите за истиот.

„Немам стапено во никаков работен однос и немам никакви приходи. Едноставно бев одбиена без причина иако ги исполнувам сите услови и претходно веќе ми беа испратени средствата за септември.“ – вели Ивана Ракиџиев, студентка.

Дел од студентите на социјалните мрежи,сметаат дека одлуката за укинување на правото на субвенциониран студентски оброк се должи на изборниот резултат што го освои владејачката СДСМ на локалните избори.

„Не сте гласале точно.“ – коментира студент.

„Завршија изборите, мета се студентите. Срамота!“ – реагира студентка.

Од Универзитетското студентско собрание – УКИМ велат дека се запознаени со необразложеното укинување на правото на студентски оброк и се подеднакво збунети и лути во однос на оваа одлука на МОН.

„Исконтактиравме со МОН и ни го одговорија следново: Испратете име, презиме, матичен број и барање за образложение зошто сте одбиени и да се разгледа одлуката повторно бидејќи сметате дека ги исполнувате условите на следниов меил: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk“

За Радио МОФ од МОН информираат дека не станува збор ниту за системски ниту за технични проблем, туку дека повеќе студенти аплицирале од еден ист мејл.

„На повеќе од 70 студенти им е стигнато известување дека се одбиени, бидејќи мејлот им се води на друго лице и од тие причини се известени дека им се укинува, а во суштина тие ги исполнуваат условите. Проблемот е што повеќе студенти аплицирале од еден ист мејл. Некои коишто добиле известувње дека се одбиени, веќе ги добиле средствата, уплатени им се на сметка.“ – велат од МОН за Радио МОФ.

Марија Поповска

МОН субвенциониран студентски оброк укинување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.