Руските власти го уапсиле осомничен за убиството на шефот на армискиот оддел за хемиско оружје, соопштија истражителите денеска, еден ден откако генералот и неговиот помошник беа убиени во експлозија во Москва.
Уапсен е државјанин на Узбекистан, роден во 1995 година под сомнение дека го извршил нападот што го чинеше животот на командантот на руските сили за радиолошка, хемиска и биолошка одбрана, Игор Кирилов и неговиот помошник Илја Поликарпов, соопшти Истражниот комитет.
Според информациите од руските власти, осомничениот признал дека бил регрутиран од украинските разузнавачки служби. Му ветиле 100.000 долари и азил во земја на ЕУ, соопштија од прес-центарот на ФСБ Осомничениот е предаден на истражителите, соопшти Истражниот комитет на Русија.